Емотивна порака на Афроамериканецот кој што уживаше да ги пее песните на Шабан Шаулиќ

0

По тажните вести во домот на Шабан Шаулиќ започнаа да се собираат голем број на естрадни ѕвезди, роднини и пријатели, а неговите син и ќерка веднаш заминаа во Германија на местото на несреќата.

Смртта на кралот на фолк музиката Шабан Шаулиќ го шокиташе целиот регион, а одекна и ширум светот.

Доказ за тоа е и емотивната порака на Афроамериканецот, Рон Холси кој што уживаше да ги пее песните на големата и легендарна ѕвезда.

Холси, после трагичната сообраќајна несреќа во која што загина Шабан се огласи на неговата Фејсбук страница:

– Се сеќавам на зимата 2011 година. Бев во зачадениот подрумски бар во Београд со мојот другар кој што ми рече дека ако сакам да научам да пеам српски песни треба да го слушам Шабан Шаулиќ. Никогаш претходно не сум слушнал за него, па мојот другар Денко неговото име ми го напиша на салфетка.

Ја земав и ја ставив во џеб. Следниот ден на Јутубе ја најдов песната „Кралица на моето срце“, додека ја слушав истиот момент се фасцинирав. Никогаш не сум слушнал вакво нешто порано. Тој глас, високиот вокал, воодушевни украси. Ја слушав повторно , и повторно…

– Како е можно некој да пее така? Како е можно остатокот од светот да не знае кој е Шабан Шаулиќ? Во последните неколку години се обидував да најдам одговори на овие прашања.

Како некој може да пее така, никогаш нема да знам. Она што знам е дека засекогаш ќе бидам благодарен за златниот глас што допре до толку многу луѓе и за љубовта кон балканската музика што се разбуди во мене. Шабан Шаулиќ беше оригинален во секоја смисла и никогаш нема да има некој како него. Нека почива во мир.

Претходна статијаНова несреќа во Македонија: Патнички воз излета кај Кичево
Следна статијаАктерот од Карасевда со променет имиџ – уште повеќе им се допаѓа на жените ФОТО