Елена Ристеска: Приказната со Бојан одамна е завршена, му посакувам се најубаво а медиумите константно ме навраќаат на истата

0

Пејачката прозборе и за односот со поранешниот сопруг Бојан со кого се разведе пред три години, а само еден ден по потпишувањето на документите за развод, тој објави дека повторно ќе се жени, но и дека ќе стане татко

Емотивната исповед на пејачката Елена Ристеска која што беше емитувана на „Бекстејџ“ предизвика лавина од коментари и реакции. Во него пејачката со солзи во очите зборуваше за предвременото раѓање на внуката Дефлина и ризичнара бременост на сестра и, се потсети на последните денови со својот татко кој за неа бил и ќе остане херој, но прозборе и за односот со поранешниот сопруг Бојан со кого се разведе пред три години, а само еден ден по потпишувањето на документите за развод, тој објави дека повторно ќе се жени, но и дека ќе стане татко.

“Приказната со Бојан одамна е завршена, но медиумите константно ме навраќаат на истата. Ние не се разделивме скандалозно, едноставно, се отселив од таму и тоа е се! На Бојан му посакувам се најубаво, сакам да е среќен, нашата љубов за жал заврши така како што заврши, но и двајцата продолживме со животите и тоа е се“, откри Ристеска во интервјуто.

Што и да зборуваат, не можат душата да ми ја земат. Што и да кажат, единствено чувство што ми предизвикуваат е сожалување бидејќи за да мразиш некој мораш претходно да го сакаш. Во случајов не ми грешат на мене, му грешат на Бога, кажа Елена.

Кога ќе се осврнам кон минатото, единственото нешто што ме погодило биле трагедиите кои што ми се случиле. Мојата внука се роди предвремено, се роди буквално во седмиот месец од бременоста кој беше доста ризичен и за неа и за сестра ми, и само тоа може да ме погоди.

Емотивна, да , се уште можам да бидам кршлива, но само за најблиските и за неправдите генерално што се случуваат во Македонија. Ќе ви направам уште една паралела, дали човек треба да се замара со малограѓанските муабети после онаа слика која што стои во мене, сликата на моите последни денови со мојот татко.

Тоа беше херојот на мојот живот кој што всушност после тоа бараше спас во мене, детето кое што го научил да оди и да зборува… и гледате одеднаш во неговите последни денови еден скелет кој се движи и не може да стаса до својот тоалет, раскажа Елена во „Бекстејџ’ со солзи во очите.

Претходна статијаХрватскиот пензионер Тони ја покажа сопругата: Кога ќе не видат заедно мислат дека ми е ќерка
Следна статијаСнемав воздух кога дознав дека сопругот сака мажи – Не можев да го поднесам сожалувањето на луѓето и нивното исмевање