Хрватскиот пензионер Тони ја покажа сопругата: Кога ќе не видат заедно мислат дека ми е ќерка

0

Хрватот Талат Сулејмани со прекар Тони, е главна фаца на најпопуларното видео деновиве, каде вели дека само со вежби и физичка активност се победуваат болестите.

Има 82 години и 70 килограми и никогаш во животот не држел диети. Никогаш не се лишувал од благо, а обожава баклава. Заедно со сопругата во младоста биле манекени.

-Цел живот вежбам по два – три часа, секој ден, вели Тони за хрватскиот весник Вечерњи лист.Признава дека не се дружи со пензионери во соседството, бидејќи е сосема различен од нив.

Пензионерот Талат кој стана хит за неполни 15 секунди со неговата хит изјава со недели е топ тема во целиот регион.

Во едно од многуте гостувања тој раскажа детали од неговиот приватен живот и семејството непознати за јавноста.

Тони како што повеќето го знаат вели дека неговата сопруга била најубавата жена која ја има видено.

Тој во емисијата покажал и фотографија со неговата сопруга со кого тој позира во Париз облечена во фустан купен токму од него.

-Таа сега надмина седумдесет години, но не е стара. Кога нас ќе не видат луѓето мислат дека ми е ќерка, вели Тони.

Инаку неговата сопруга е Турчинка која се вика Назли и имаат син за кого вели дека е убав на мајка му, а паметен на него.

Претходна статијаПисмо на очајна мајка: Не можеше да го скрие разочарувањето по раѓањето на втората ќерка
Следна статијаЕлена Ристеска: Приказната со Бојан одамна е завршена, му посакувам се најубаво а медиумите константно ме навраќаат на истата