Бесна како рис – Карлеуша се огласи со нова порака на Инстаграм ФОТО

0

Скандалот околу Јелена Карлеуша и Огњен Врањеш не стивнува. Сега пејачката доживеа уште една непријатност со објавувањето на најнови пораки кои си ги разменувале со фудбалерот.

Поради тоа таа напиша порака на својот Инстаграм профил од која се гледа дека е бесна како рис.

-Кога го*ната ќе се здружат и со заеднички сили удрат на една жена… Токму тоа покажува колку таа е опасна ѕверка, напишала изреволтирано Јелена.

Јелена Карлеуша стравува од фудбалерот Огњен Врањеш и се плаши дека би можел да ја повреди по пласирањето на фотографиите на кои е наводно таа гола, па одлучи по враќањето во Белград од Дубаи да ангажира приватно обезбедување.

Извор близок на пејачката тврди дека на Јелена не и’ е пријатно сама да излегува од дома и да го носи децата на училиште бидејќи се плаши за сопствената безбедност.

Кога Душко беше во Белград, и’ беше многу полесно бидејќи тој ги вози Ника и Атина на училиште. По скандалот, Јелена порано ги зема ќерките од училиште, па отпатуваа во Кина, а потоа се упатија во Дубаи.

Таа се паши дека по враќањето во Белград ќе има сериозни проблеми поради секс-скандалот, а бидејќи секое утро токму таа ги носи ќерките на училиште, одлучи да ангажира обезбедување кое 24 часа ќе биде задолжено за нивната безбедност“, открива изворот за „Ало“, и додава:

Таа се плаши дека Огњен во некој миг, кога ќе дознае дека Душко не е дома, би можел да се појави пред нејзината куќа, земајќи предвид дека знае каде живее, па токму поради тоа се плаши за својата безбедност. А земајќи предвид дека Врањеш има огромен брј обожаватели на социјалните мрежи, кои го поддржуваат во целата афера со Јелена, дополнително и оправдано стравува дека некој од нив би можел да ја нападне“, раскажува изворот, кој тврди дека сопругот на пејачката Душко Тошиќ се согласил со нејзината идеја да ангажира обезбедување.

Тој не сака да дојде до непријатна ситуација, посебно не би сакал да им се случи нешто лошо на неговите ќерки“, открива изворот за „Ало“.

Претходна статијаМетеоролозите со нови најави: По викендов пресврт – од вторник голема промена на времето
Следна статијаВодителката од „Пинк“ се разбудила после операцијата – го изговорила само ова