Врањеш откри дека Карлеуша во Атина кај него на гости доаѓала со мајка и Дивна

0

Огњен Врањеш за српски “Ало“ открил дека Јелена го запознала со нејзината мајка Дивна, но признал и дека ги знае и нејзините деца.

Не сакам сега да зборувам за Јелена. Се што имав, кажав во соопштението кое го ставив на мојот Инстаграм, тоа е вистината.

Можам само да потврдам дека ги запознав нејзините ќерки, ги сретнував во минување. Дивна ја запознав во Атина, кога Јелена доаѓаше кај мене – рекол тој и додал: Искрено, мака ми е од се!

Кариерата на Огњен Врањеш, односно останувањето во клубот за кој моментно игра е доведена под знак прашалник по откривање на порно аферата со Јелена Карлеуша.

Откако поради здравствени проблеми ги пропуштил подготовките на Андрлехт во Шпанија, тој се вратил на тренинзите, пренесуваат медиумите.

Босанскиот фудбалер е со соиграчите и се однесува како ништо да не се случило. Тој има договор со клубот до 2022 година, а наводно од клубот му се заканиле дека веќе бараат замена за него.

Претходна статијаБугарија веќе нема да продава патни исправи за оваа категорија странци
Следна статијаОваа убавица го краде Душко Тошиќ од Карлеуша