Оваа убавица го краде Душко Тошиќ од Карлеуша

0

Манекенката го искористи скандалот со Карлеуша, да се докопа до Тошиќ

Откако изби аферата на Јелена Карлеуша и Огњен Врањеш, медиумите прво го поштедија сопругот на пејачката Душко Тошиќ, па го сожалуваа и малтене сочувствуваа со неговата семејна трагедија, се срамеа со неговиот срам, и се чудеа со сето чудо зошто ѝ го простува сево ова, а на крајот решија да прочепкаат и низ неговиот веш за да видат да не има и таму некое пмомладо и посочно парче колач.

Софија е поранешна девојка на фудбалерот Адем Љаиќ

Епа српските весници открија дека и Душко Тошиќ не бил толку наивен.

Наводно, Душко имал афера со една од најзгодните српски манекенки Софија Милошевиќ. Таа неколкупати и го посетила во Кина, каде што настапува фудбалерот, а се сретнале и околу Нова година, кога Тошиќ беше вратен во Србија, дознава Информер.

Душко и Софија се запознале лани во октомври преку заеднички пријатели, а подоцна почнале да се допишуваат и да се гледаат. Тој одлепил за Софија, па дури и заедно излегувале и јавно се бакнувале на белградските сплавови.

По кратката афера, Душко им се вратил на обврските, но продолжиле да се допишуваат и повторно се виделе за Нова година иако Јелена и децата биле дома.

Софија е позната дека сака спортисти, а претходно беше во врска со фудбалерот Адем Љаиќ и со тенисерот Виктор Троицки.

Манекенката позната по последната врска со српскиот репрезентативец Адем Љаиќ, Софија Милошевиќ, која според пишувањата на медиумите, му била љубовница на Душко Тошиќ, наводно решила да ја искористи аферата на Јелена Карлеуша и од пејачката да го украде Тошиќ.

Манекенката наводно го преколнува фудбалерот на кинескиот Гванжу да се разведе. Имено, Софија константно е на телефон со Душко и го уверува дека мора да се разведе од пејачката, бидејќи смета дека ако тој го продолжи бракот со неа, ќе му се уништи кариерата.

Софија е луда по Душко, а откако во јавноста испливаа фотографиите на Јелена, таа го преколнува Тошиќ да се разведе. Му зборува дека ќе ја заврши кариерата, ако продолжи бракот со неа, бидејќи психички ќе пропадне – вели извор близок на манекенката.

Софија планира да оди кај Душко во Кина за лично да го убеди да ја остави Јелена.

Таа во него гледа добра прилика и сигурна е дека тој е човекот на нејзиниот живот. Затоа во аферата на жена му гледа можност да го врзе Душко за себе, така што ќе му биде рамо за плачење – заклучува изворот.

Душко и Софија се запознале кон крај на минатата година, а откако заедно биле на забава, Карлеуша дознала дека сопругот ја изневерува. Таа сепак решила да му прости, а Душко на Софија и го платил патот и хотелот во Њујорк како страстите меѓу него и Јелена би се смириле.

Претходна статијаВрањеш откри дека Карлеуша во Атина кај него на гости доаѓала со мајка и Дивна
Следна статијаЈа пронајде сродната душа: Водителката на „Гранд“ во врска со 10 години помлад бизнисмен