Вистински хаос во домот на Карлеуша: Сопругот збеснал кога видел со кого се допишува

0

Неволји во рајот на Јелена Карлеуша која со години е во среќен брак со Душко Тошиќ. Како што пишува српскиот Курир, а веста како бомба одекна во регионот, тие се скарале поради скандалозни пораки.

На Јелена и засметало на настапот на Нова Година тоа што Душко пратил пијалок на познаничка на соседната маса, па го прекинала цел настап, а потоа жестоко се скарале.

Наводно, како што пишува српскиот Курир, Јелена и Душко по настапот дома се скарале повеќе, а тој го земал нејзиниот телефон во кој нашол дека се допишува со фудбалерот Огњен.

Како што објави „Блиц“, семејната драма во домот на Карлеуша-Тошиќ изби на 3 јануари, кога Душко Тошиќ, по враќањето од Кина каде што игра за Гуангџу, од некоја причина се посомневал дека Карлеуша се допишува со друг маж. И’ го грабнал мобилниот телефон и во него нашол спорни пораки од колегата Врањеш, одбранбен играч на белгискиот Андерлехт и на босанската репрезентација.

Поради „запленувањето“ на мобилниот телефон, Јелена Карлеуша отсуствуваше од социјалните мрежи речиси пет дена, а инаку е активна речиси секој ден.

Душко пак се огласи по овие информации и објави фотографија од празниците во неговиот дом со семејството.

Босанскиот фудбалер Огњен Врањеш (29), „пријателот“ со кој Јелена Карлеуша (40) се допишувала преку мобилниот телефон се’ додека нејзиниот сопруг Душко Тошиќ (33) не и’ ги фатил пораките одземајќи и’ го телефонот, за „Блиц“ изјави:

„Чекајте, зар вие мислите дека се плашам од некого?!“

Имено, по наидувањето на пораките, Душко добил напад на љубомора и му се јавил на својот колега, а судејќи по коментарот на Врањеш, разговорот воопшто не бил пријатен.

Знаете што, јас на сите им велам дека сум од ‘онаа страна на Дрина’ (од Босна). Не од другата (од Србија), каде што се лажните мангупи, така што не сакам да зборувам на таа тема. Заборавете ја таа приказна! Јавете му се на Душко, неговата куќа ги полни медиумите! Можеш со него да комуницираш. Среќна Нова година! И тоа е се’“, изјавил Врањеш за „Блиц“.

Инаку, Огњен Врањеш не е нов на страниците на жолтиот печат. Минатото лето осамна на насловните страници поради изневерувањето на својата сопруга Даниела со пејачката Катарина Грујиќ.

Претходно се шпекулираше дека глумицата Асли Енвер му била љубовница на фудбалерот Душко Тошиќ, сопругот на Јелена Карлеуша. Наводно, аферата се случила лани, додека Душко играл за „Бешикташ“. Според турските медиуми, Душко неодамна бил во Истанбул и повторно се сретнал со Асли.

Запрашана за наводната афера, глумицата демантирала дека била во врска со Душко и рекла дека тие двајца воопшто не се познаваат.

„Смешни ми се вашите пишувања. Ги повредувате луѓето со вашите измислици“, рекла таа.

Асли во Турција е позната по улогата во серијата „Истанбулската невеста“. Таа е во врска со музичарот Мурат Боза.

Јелена и Душко, пак, засега не ги коментираат јавно пишувањата на турските медиуми.

Претходна статијаНа Водици небото се отвара: Немажените девојки пред спиење треба да го направат ова
Следна статијаПо Кемал и Нихан очекува бебенце – Познатата турска актерка е трудна