По Кемал и Нихан очекува бебенце – Познатата турска актерка е трудна

Брачната двојка Кадир и Неслихан Догулу или Нихан од Карасевда, присуствуваа на премиерата на филмот „Сибел“, а според пишувањата на турските медиуми таа е бремена.

-Во јануари не очекува серијата на Кадир „Вуслат“, додека јас некое време нема да се појавувам на ТВ екраните бидејќи планирам кратка пауза, вели убавата актерка.

-Ако мислите на дете, се надеваме. Нека се дојде во вистинско време, рече таа со сопругот.

За разлика од љубовната драма која ја доживува во улогата на Нихан, на убавата актерка во реалниот живот и цветаат ружи на љубовен план.

Неслихан е во брак со турскиот актер Кадир Доулу, со кој претходно беше во врска од октомври 2013 година.

Двојката се сврши во ноември 2015 година, а свадба направија во месец јули 2016.

Ова е уште еден пример дека актерите во Турција преферираат брак со колеги.

Турската актерка Неслихан Атагул од дете има успешна актерска кариера. Деновиве ја гледаме во улогата на Нихан во популарната серија „Карасевда“. Таму глуми заљубена девојка која е присилена на брак за да го спаси своето семејство.

Но, малкумина се сеќаваат дека оваа актерка глумеше и во серијата „Кога лисјата паѓаат“, првата турска серија што се прикажуваше во Македонија. Во таа серија Неслихан ја глумеше Дениз, внуката на лошата свекрва Џеврие која ѝ создаваше проблеми на нејзината помајка Фикрет.

Loading...