Се огласи повторно Врањеш и ги изненади сите – Сака да му прости Карлеуша

Скандалот кој го потресе целиот Балкан речиси никако да стивне, а Јелена Карлеуша и Огњен Врањеш веќе со недели се топ тема во сите медиуми низ регионот и пошироко.

Фудбалерот Огњен на својот Инстаграм профил објави фотографија преку која упати јасна порака до пејачката со која се во вистинска војна овие денови.

loading...

-Кога бродот тоне, секогаш прво бегаат глувците, а искусните капетани мислат на другите!, напиша тој.

Според многумина ова е јавна порака до пејачката откако тие двајца меѓусебно си објавија голи фотографии, а тој откри дека бил во врска со Карлеуша.

Огњен Врањеш ја спушта топката откако го извади на виделина сиот валкан веш од двегодишната тајна врска со поп дивата Јелена Карлеуша и на секој можен начин се обидува да се смири со пејачката.

Фудбалерот ја следел манифестацијата MAЦ, на која Карлеуша ја промовира новата песна „Лајк“, а освои и награда за соработката со Аца Лукас, па веднаш по настапот на поранешната љубовница, преку пријател ѝ испратил порака дека му е жал и дека се уште ја сака.

Веќе некое време Врањеш размиислува како да ѝ се доближи на Јелена. Сакаше по секоја цена да ја раздели од Душко, па затоа ги објави во јавност нејзините фотки, снимките и жешката преписка. Но, кога сфати дека ЈК ниту после тоа нема да се разведе, се покаја и сака да ја обнови врската која траеше цели две години, вели извор близок на парот.

Бидејќи ЈК го блокирала на сите мрежи, не може да стапи во директен контакт со неа, па преку заеднички пријател ѝ ја испрати следнава порака: „Извини за сè… Сè уште те сакам. Жал ми е што отиде сево ова предалеку. Бев повреден. Во целото тоа лудило не знаев што правам. Се каам. Може ли да се видиме?“.

Меѓутоа, Јелена не сака ниту да чуе за него. Не сака да му прости што во јавност ги пласирал порно фотографиите.

Кога пријател и ја прочитал пораката на Огњен, ЈК се развикала: Одете двајцата во мајчина! И ти што го пренесуваш сето ова и Врањеш! Таа порачала на зедничкиот пријател дека за неа Огњен веќе не постои и дека веќе никогаш нема да му верува. Бесно додала дека не би ја чудело тој лудак да сака повторно нешто да и смести, бидејќи тој немал ни трошка морал – кажал извор за српски Информер.

loading...