Информациите за тајната афера на Јелена Карлеуша и Огњен Врањеш не престануваат да излегуваат во јавноста, а во нивните преписки се наоѓаат многу изненадувачки детали.
Никого не повредил, па и мојот сосед праќа исти фотографии како Јелена – се огласи и мајката на Врањеш
Јелена по објавувањето на спорните фотографии упати низа закани и навреди на Врањеш и неговото семејство
Откако во јавноста протекоа експлицитните фотографии, кои наводно Јелена Карлеуша му ги праќала на Огњен Врањеш, мајката на босанскиот фудбалер за Блиц, вели дека не се чувствува баш пријатно поради оваа ситуација.
Јелена по објавувањето на спорните фотографии упати низа закани и навреди на Врањеш, а неговата мајка смета дека двајцата треба да одговараат за своите постапки.
Не ми е пријатно. Воопшто не сакам да коментирам дали е точно или не. Дали мојот син повредил некого?Да ви кажам, ако тоа е вистина, таа жена ако е најпопуларна требало да води сметка за тоа. Дали јас треба да водам сметка за нечии постапки, не разбирам?И мојот сосед од спротива го прави тоа.
Дали е тоа принцот Чарлс, Јелена или некој друг, како да ми е грижа“, рекла мајката на Врањеш и додала дека сите треба да си одговараат за своите постапки.
Домашните, но и странските медиуми на големо пишуваат за наводната афера на Јелена Карлеуша и фудбалерот Огњен Врањеш, а пејачката немоќна сама да се избори со последците од оваа афера упати порака до претседателот на Србија, Александар Вучиќ.
Карлеуша порача дека се отиде премногу далеку и го замоли претседателот да и помогне да ги запре приказнаите кои се појавуваат во медиумите.
Господине Александре Вучиќу, дали може јавно да ве замолам да ми помогнете и да го запрете ова лудило и неправда во медиумите?Ако не поради мене, тогаш поради моите деца, мажот, болната мајка…Ве молам.Отиде предалеку -порача Карлеуша.