Саша Поповиќ и порача на Карлуеша: Или прибери се или леташ од шоуто Ѕвездите на Гранд

0

На снимањето на првата емисија на „Ѕвездите на Гранд“, Јелена Карлеуша се појавила нервозна и нерасположена.

Пејачката била негатвина, мрзлива, а најголемиот број кандидати останаа без нејзин глас.

„Навистина многу сум нервозна и немам желба да ги коментирам и моите кандидати“ порача Јелена во емисијата.

Меѓутоа, директорот на „Гранд“ побарал пауза и разговарал со пејачката.

„Саша отворено и кажа на Карлеуша како стојат работите. Можеби беше суров кон неа, но мораше така да биде. Тој и кажа: Јелена, разбирам низ што поминуваш, но вака не оди. Или се прибери однесувај се како треба или да направиме пауза во соработката“ изјави извор и додава:

„Таа беше изненадена и само одговори дека ќе се потруди, но, потоа на снимањето покажа дека го разбра неговото предупредување.

Јасно и е дека нема да и одговара пауза од „Ѕвездите на Гранд“ бидејќи ова музичко шоу и ја подобри кариерата.Затоа до крајот на емисијата беше многу расположена, повеќе комуницираше, па дури и се смееше“ вели изворот.

За потсетување, по аферата Карлеуша замина во Кина, а по нејзиното враќање во Белград не сакаше да дава изјави за медиумите.

По аферата на Јелена Карлеуша со босанскиот фудбалер, пејачката нема да може да смета на милиони кои ги заработува нејзиниот сопруг Душко Тошиќ, пренесуваат српските портали.

Доколку дојде до развод, пејачката ќе мора сама да се бори за богатство.

Според пишувањата, Тошиќ оваа одлука и ја соопштил на Карлеуша во телефонски разговор поради кој пејачката доживеала нервен слом.

„Некој го посоветува Душко да не биде наивен, да и дава пари за потребите на девојчињата. Поради борбата за старателството и поделбата на имотот, разводот ќе биде долг процес, па подобро и е на Јелена да го прифати овој услов. Поточно, ќе остане со неа во брак, но нема да и дава пари за нејзините потреби. Сега Јелена треба да одлучи дали ќе го прифати ултиматимуот“ тврди добро известен извор и додава дека пејачката оваа одлука на Душко ја дознала на пробата на МАС.

„Медиумите пишуваа дека Карлеуша имала кавга за време на пробата на МАС што е точно бидејќи во тој момент и се јави Душко и ја кажа одлуката. Таа му викаше: „Не можеш тоа да ми го направиш, дали си нормален?“, тврди изворот.

Дека разводот ќе биде комплициран, за „Курир“ потврди и адвокатот Небојша Перовиќ.

„Доколку се разведат со спогодба, ќе мора да го поделат имотот, на кого ќе припаднат децата и висината на елиментација. Меѓутоа, доколку нема спогодба работите се решаваат со две судски постапки. Висината за алиментацијата на децата зависи од тоа кои се потребите ,училиштето, исхраната, а не зависи од имотната состојба на родителите “ вели адвокатот.

Доколку Јелена го прифати условот на Душко тоа не значи дека нема да има пари бидејќи и таа заработува доволно. Цената на нејзин настап во Србија почнува од 14 000 евра, а на настап во странство 25 000евра.

Претходна статијаСрпската фолк легенда брутално распали по Карлеуша: Следниот пат кога ќе ме спомнеш ќе станеш и ќе се поклониш
Следна статијаМакедонската пејачка прозборе големата трагедија: Нашата ќеркичка секој ден прашува за тато