Српската фолк легенда брутално распали по Карлеуша: Следниот пат кога ќе ме спомнеш ќе станеш и ќе се поклониш

0

Јелена Карлеуша среде Ѕвездите на Гранд ја навреди Зорица Брунцлик, а таа и врати со иста мера.

Јелена Карлеуша бурно реагирала на девојка од музичкото натпреварување кога слушнала дека подготвила песна од
Зорица Брунцлинг. Тоа веројатно изгледа воопшто не и се допаднало.

Поради овој сегмент Зорица се навредила па јавно удрила по поп дивата која тоа често го прави во свој препознатлив стил.

“Да видам како размислуваш”, се трудела Јелена околу такмичарката

“Од Зорица…” и одговорила девојката, кога наеднаш ЈК со викање ја прекинала.

“Веројатно Брунцлинг! Така ли?…

Откако Јелена праша натпреварувачка дали ќе пее песна од Зорица, а изборот не и се допадна, Зорица се огласи на Фејсбук.

– Јелена ти знаеш се освен да пееш. Ако ме спомнеш во иднина ќе станеш и ќе се поклониш. Ќе ти речев срам да ти е, но ти не знаеш што е срам, напиша Зорица.

На снимањето на првата емисија на „Ѕвездите на Гранд“, Јелена Карлеуша се појавила нервозна и нерасположена.

Пејачката била негатвина, мрзлива, а најголемиот број кандидати останаа без нејзин глас.

„Навистина многу сум нервозна и немам желба да ги коментирам и моите кандидати“ порача Јелена во емисијата.

Меѓутоа, директорот на „Гранд“ побарал пауза и разговарал со пејачката.

„Саша отворено и кажа на Карлеуша како стојат работите. Можеби беше суров кон неа, но мораше така да биде. Тој и кажа: Јелена, разбирам низ што поминуваш, но вака не оди.

Или прибери се и однесувај се како треба или да направиме пауза во соработката“ изјави извор и додава:

„Таа беше изненадена и само одговори дека ќе се потруди, но, потоа на снимањето покажа дека го разбра неговото предупредување. Јасно и е дека нема да и одговара пауза од „Ѕвездите на Гранд“ бидејќи ова музичко шоу и ја подобри кариерата.

Затоа до крајот на емисијата беше многу расположена, повеќе комуницираше, па дури и се смееше“ вели изворот.

За потсетување, по аферата Карлеуша замина во Кина, а по нејзиното враќање во Белград не сакаше да дава изјави за медиумите.

Претходна статијаНеделен: Еве кој ден ќе ви биде среќен неделава
Следна статијаСаша Поповиќ и порача на Карлуеша: Или прибери се или леташ од шоуто Ѕвездите на Гранд