Прва заедничка фотографија после аферата: Лицето на Душко кажува се

0

Скандалот во кој се најдоа Јелена Карлеуша, Огњен Врањеш и Душко Тошиќ не стивнува. Пејачката вчера требаше да се врати во Србија, заради работни обврски, но поради брачната криза, реши со ќерките да остане во Кина.

Јелена во вторникот со ќерките Атина и Ника отпатува во Кина кај сопругот Душко, откако во јавноста осамнаа експлицитните фотографии кои наводно му ги праќала на Врањеш. После фотографиите, осамнаа и пораките кои босанскиот фудбалер и српската пејчака наводно ги разменувале, а таа за тоа време се обидува на сопругот во Кина да му го објасни потеклото на преписките.

Иако требаше вчера да се врати во Србија заради снимање на Ѕвездите на Гранд, таа остана во Кина. По се судејќи, причината е роденденот на Душко кој тој денска треба да го прослави.

Душко денеска полни 34 години, а поради кризата во бракот, Јелена реши со ќерките да остане во Кина, како со него би го минале овој ден.Се уште не знам како ќе го прослават роденденот на Душко, но тие заедно сакаат да пратат порака до јавноста дека со нив се е во ред – тврди извор близок до парот.

Пред ќерките се преправаат дека се складен пар и се трудат тие да не почувствуваат дека нешто не е во ред меѓу нив. Се уште не решиле како понатаму-додава изворот.

Останува да се види дали Карелуша после роденденот ќе се врати во Србија, со оглед на тоа дека веќе во понеделник е закажано снимање на Ѕвездите на Гранд.

Скандалот со експлицитни фотографии и преписките помеѓу Јелена Карлеуша и фудбалерот Огњен Врањеш, се уште е главна тема во медиумите од соседството.

Пејачката, која е многу активна на социјалните мрежи, денеска за прв пат откако изби аферата објави заедничка слика со својот сопруг, кому пак денес му е роденден.

Тие позирале свечено облечени, а потоа Карлеуша на својот Инстаграм профил има поставено уште една фотографија со нивните ќерки.

Медиумите коментираат дека иако му е роденден, лицето на Душко на кое нема ниту мала насмевка кажува сè, а Карлеуша немасто долга порака со убави желби за него, како опис на сликата само кратко напишала – Славеник.

Не можеше да се носи со притисокот на јавноста, потсмевот на луѓето, разните коментари, поради што контактираше адвокат. Меѓутоа кога за тоа слушнала Јелена, таа со ќерките отпатувала во Кина, како би го разубедила од таа одлука. Јелена најпрво доживеала нервен слом, бидејќи Душко бил решен да се разведе и не сакал помирување. Урлала, плачела, врескала. На крајот Јелена успеала да го сочува бракот и мажот да го принуди да и ги прости гревовите – рекол извор близок до парот.

Тие се договориле да најдат решение и наскоро ќе излезат со заедничко соопштение.

Во него Душко ќе признае дека фотографиите, на кои пејачката е гола, всушност му ги праќала нему, дека некој и ги украл од телефонот, а после ги монтирал – вели извор за Ало.

Како што нагласува нема гаранција дека привидното примирје ќе потрае, но Тошиќ ќе стори се да и пружи нова шанса на Јелена, пред се поради децата.

И во семејството Врањеш се одвива слично сценарио.

Сопругата на Огњен, Данијела, која Огњен ја изневеруваше со Карелуша, но и со Катарина Грујиќ, исто така решила да ја сочува брачната среќа.

Данијела, овие денови патува во Белгија со ќерката, за да му пружи поддршка на Огњен. Решена е да му пружи нова шанса, бидејќи мисли дека покрај се, тој е добар и чесен- рекол роднина на семејството Врањеш и додал дека таа него се уште го сака.

Претходна статијаКрајот на овој месец ќе донесе голема неволја за овие хороскопски знаци
Следна статијаБојана Скендеровски распали по Сергеј Варошлија: Продолжи да бидеш лингур и да си ги фалиш другарките