Бојана Скендеровски распали по Сергеј Варошлија: Продолжи да бидеш лингур и да си ги фалиш другарките

0

Сергеј Варошлија, некогаш врвен фризер и стилист, денес е водител на новоотворената интернет телевизија „1ТВ“. Неговиот фах се модата, модниот изглед, облекувањето, стајлингот, шминката, фризурата, гардеробата, обувките… па таква му е и емисијата!

Во неа, македонскиот „моден гуру“ не ретко знае да ги „исплеска“ во контекст на споменатото и познатите и непознатите личности… И тоталните анонимуси, но и оние, јавните лица, градските фаци, познатите, повеќе или помалку популарните, се неретко под „ножот на критиката“ на модниот ТВ селектор Варошлија.

Ексцентричен на изглед, остар на јазик, пис на зборови, тој не штеди „епитети“ кога треба да ги критикува оние кои тој ден се на неговото модно мени!

Модната војна на Сергеј Варошлија со дел од македонската естрада не само што продолжува, туку и се разгорува. Малку, малку, па некоја нова „жртва“ од познатите фаци ќе дојде на ред кај „чичко Сергеј на моден преглед“, од глава до петици или поточно од глуждови до трепки.

Последна на ред беше пејачката и ТВ водителка Бојана Скендеровски. Модниот „1ТВ гуру“, како што е кај него редот кога некој ќе му влета во „неговиот термин“, не штедеше зборови да и каже се’ што има да и каже на дамата од „Улица Македонија“, најмногу на сметка на нејзиниот изглед, имиџ и облекување… Од фризура до потпетици, Сергеј ја стори пуздер Бојана, потенцирајќи и ги сите маани и недостатоци… Се разбира на себесвојствен начин, со јазик и вокабулар на кој најчесто и му забележуваат дека во неговата емисија „Мода“ се омаловажуваат само „не случајно одбраните за отстрел“.

И додека едни премолчуваат, други гласно коментираат само во својот круг на блиски и пријатели, трети пак правдата ја побараа на суд, газдарицата од империјата Скендеровски реши веднаш да го возврати ударот… И тоа јавно, со двојна мерка!

Бојана не додржа, па не чекаше долго, туку веднаш седна и преку својот Фејсбук профил на социјалните мрежи му напиша одговор на модниот критичар. Ништо помалку лутит, остар и жесток… од изречените критиките кон неа, од страна на Варошлија.

„Слушам кај лепотанов, хермафродитов или не знам кој род е, не знае ни сам што е, јас сум дошла на ред за плукање…
те чекав искрено,и тоа со мерак….

Епа вака душо….ти што немаш професија, односно “градиш” во моментов некоја кариера и лажеш дечиња, да фаќаат сеир,искрено си за жалење, изгледаш на црвче во хеланки и си многу, ама многу лошо нашминкан и пропагираш “изблајхани” коси, како што е впрочем твојата….(подгоренка и ретка)

Продолжи да бидеш лингур и да си ги фалиш другарките, или пак тие што ќе те почастат по нешто….те разбирам,мора да се живее од нешто….

Ти благодарам за убавиот избор на мои фотографии….

Добра ноќ“ – возвраќа пејачката и водителка, обраќајќи му се на колегата од спротивната ТВ куќа.

Останува да ја слушнеме и видиме контрареакцијата на другата страна, ако воопшто ја има…!? Или „1ТВ“ империјата блиска до власта, ќе се одлучи правдата да ја бара на друго место?

Дотогаш погледнете ја емисијата „Мода“ во која Варошлија модно „ја демолираше“ Бојана:

Претходна статијаПрва заедничка фотографија после аферата: Лицето на Душко кажува се
Следна статијаСтуден и тмурен ден пред нас: На овие места во Македонија вее снег