Пред Мрка, Ана Бекута 10 години живееше со овој бубњар, а го остави за клавијатурист ФОТО

0

Ана Бекута 10 години живеела во вонбрачна заедница со шабачкиот музичар, бубњарот Предраг Видовиќ Преј.

1981 година е судбоносна за Ана. Предраг Видовиќ во почетоците на 80-тите се вратил во Шабац по ангажманите во Германија и Америка. Сфаќајќи дека со народната музика се заработува повеќе, Видовиќ го променил музичкиот правец и заедно со својот бенд распишал конкурс за пејачка на кој се јавила Ана Бекута.

Групата го добила името „АНАБЕ“. А, покрај Предраг Ана почнала сериозно да се занимава со музика. Работејќи, станале многу блиски и приватно биле во врска цели 10 години.

На една од своите турнеи, во почетокот на 90-тите, Ана станала блиска со клавијатуристот Слободан Смакиќ. Во 1992 година засекогаш го напуштила Предраг и Шабац и се преселила во Белград, како што живеела со Слободан и заедно работеле се до 2000 година.

Денес Бекута е во среќна врска со поранешниот министер Милутин Мркоњиќ. Иако тој званично не е разведен од својата сопруга, сепак со Ана се во врска цели 5 години.

Поради разни причини, познатите српски ѕвезди одлучиле да се претставуваат со псевдоним.

Кога ќе се појавите во морето на славни и познати личности, треба да имате име кое ќе биде впечатливо за јавноста.

Така голем број на јавни личности одлучиле да го променат името, а некои толку се навикнати на своето уметничко име, па дури и законски го промениле.

Ана Бекута ( Гордана Надежда Полиќ)

Ана Бекута ужива во љубовната врска со нејзиниот партнер Милутин Мркоњиќ Мрка.

Ана откри како се согласуваат членовите на нејзиното семејство со нејзиниот партнер.

„Доцна се запознавме за деца и ми е жал за тоа. Тој е квалитетен и добар човек и моите внуци го прифатија како татко и како дедо, така да тој моето семејство го доживува како негово.

Тој е човекот на мојот живот. Тој не сака да зборувам јавно, но кога ме прашувате не можам поразлично. Тоа е така“, изјави Бекута.

Пејачката Ана Бекута пред неколку дена откри детали од приватниот живот кога раскажа за синот Игор дека го оставила во дом за деца без родители кога имала 17 години.Бидејќи ѝ било многу тешко што се одвоила од синот таа се вратила по него, а открива и поради што уште се кае во животот.

– Се каам поради едно тоа што не родив уште едно дете. Само поради тоа се каам и за ништо друго – рекла пејачката.

Претходна статијаДоаѓањето на Спасителот се слави со семејството: Пред Божик зад Божик, кај и да си, дома да си
Следна статијаРаботи кои ако ги сонувате значат дека ќе бидете среќни во животот