Работи кои ако ги сонувате значат дека ќе бидете среќни во животот

0

Интересни факти кои досега не сте ги знаеле, а се однесуваат на соништата кои ги сонувате. Соништата во некои религии се сметаат како предвидување на иднината, па затоа добро запомнете ги соништата што ги сонувате.

1. Странците во вашите соништа се луѓе кои сте ги сретнале во реалниот живот.

Иако не сте ги запознале можеби случајно сте ги виделе во некој клуб, кафуле или на кое било друго јавно место.

2. Една просечна личност сонува од 1460 до 2190 соништа во текот на една година.

Во текот на една ноќ сонуваме од 4 до 6 соништа, иако често памтиме само еден сон. Всушност, статистиката покажува дека 95% од соништата ги забораваме следниот ден.

3. Кога сонувате вашето тело е парализирано.

Во првите 90 минути од заспивањето се движите кон подлабоко заспивање и сонување. Потоа сте како парализирани.

4. Жените сонуваат за секс исто толку често како и мажите.

Единствено се разликуваат по тоа што жените сонуваат за секс со сегашни или минати партнери, додека пак кај мажите нема ограничување.

5. Само 12% од луѓето сонуваат црно-бели соништа.

6. Слепите луѓе исто така сонуваат.

Но, нивните соништа не се создадени од фотографии туку од емоции, мириси, допири и звуци.

7. Дури и животните сонуваат.

Може да забележите дека често дури спијат,на пример кучињата изгледаат како во сонот нешто да бркаат.

Соништата често можат да бидат фасцинантни и интригантни, а стручњаците одамна веруваат дека соништата имаат некое подлабоко значење. Се верува дека соништата можат да пружат и важни податоци за нашето здравје – па дури и да предупредат на болест пред да се појават физичките симптоми.

Зошто точно сонуваме, отсекогаш ги интересирало бројни научници, а ова предизвикува бројни дискусии. Тоа што е познато е дека повеќето луѓе во текот на ноќта сонуваат помеѓу четири и шест часа, а соновите ги памтиме околу две до три недели. Кога ќе се разбудиме сред сон, тогаш го памтиме, но доколку продолжиме да спиеме и откако сонот ќе заврши, може да го заборавиме засекогаш, пишува Daily Mail.

Се покажало дека жените значително почесто ги памтат соништата отколку мажите, веројатно затоа што имаат нешто полесен сон. Не сонуваме цела вечер, бидејќи мозокот почнува да создава сонови дури кога сме во REM фазата на спиење, која е лесен облик на сонување.

Овој вид на сонување го доживуваме околу четири пати на вечер, а првата се случува обично околу 90 минути откако ќе заспиеме. Но, што соништата откриваат за нашето здравје?

Кошмари

Можни причини: лекови бета блокатори, болести на срцето, мигрени или ненаспаност

Според зборовите на професорот Џим Хорн, лековите бета блокатори кои служат за регулирање на крвниот притисок се неугодни за сонот. Овие лекови ги шират крвните садови, но стручњаците веруваат дека може да ја сменат и рамнотежата на одредени хемикалии во мозокот, кој тогаш активира кошмари.

Лошите соништа може да бидат поврзани и со слабо срце, покажала холандска студија во која учествувале повеќе од 6.000 луѓе. Научниците откриле дека луѓето кои страдаат од неправилна работа на срцето имаат три пати поголем ризик од кошмари. Имено, овие луѓе имаат и поголема веројатност да страдаат од проблеми со дишењето, што може да го намали нивото на кислород во мозокот.

Кошмарите може да бидат предупредување и за силни мигрени. Главоболките може да се јават и навечер, а често им претходат лоши сонови кои вклучуваат теми како бес и агресија. Една од теориите е дека главоболките може да предизвикаат промени во мозокот.

Сонувате повеќе, но поинаку

Можни причини: во текот на ноќта ви е претопло или ладно, хормони, хронични болести

Спиењето во претполи или ладни услови може да предизвика поголем број сонови. Стручњаците препорачуваат температурата во спалната соба да биде околу 18 степени.

Исто така, хормоналните промени може да предизвикаат повеќе соништа. па така, голем број жени велат дека сонуваат повеќе за време на менструалниот циклус.

Сонувате дека сте нападнати

Можни причини: Алцхајмерова болест или Паркинсонова болест

Сонувањето стресни соништа, како сте нападнати или ве бркаат, може да биде знак за болести на мозокот или нервниот систем како што се Алцхајмерова болест или Паркинсонова болест.

Луѓето кои за време на сонувањето често се вртат, многу често страдаат од состојба која се нарекува пореметување на REM фазата на сонот. Се верува дека е предизвикано од оштетување на дел од мозокот кој ги контролира соновите и спречува претерано да се мрдаме додека спиеме.

Сонови кои ве будат

Можни причини: консумирање на масни јадења, прекумерна телесна тежина, стрес и депресија

Тешките и масни оброци подолго се задржуваат во желудникот, па многу луѓе се будат уште во првите часови од сонот. Враќањето на киселината е исто така честа кај луѓето со прекумерна тежина.

Оние кои страдаат од депресија или силен стрес во фазата на сонување паѓаат многу порано.

Бизарни соништа

Можни причини: Алкохол, инфекции, таблети против маларија и таблети за менопауза

Консумирањето на алкохол доцна во ножта може да предизвика прилично незаборавни соништа. Како што ефектот на алкохолот попушта пред утрото, што влијае на хемикалиите во мозокот, така ќе предизвика чудни соништа.

Коге телото се бори со било каква болка или инфекција, сонот може да помогне во закрепнувањето, а за телото подобро да се одбрани, често паѓаме во длабок сон без соништа. Но, ова ја одложува фазата на сонување, па соништата многу лесно може да се помешаат со свесноста, што може да доведе до живи и помалку бизарни соништа.

И земањето одредени лекови може да поттикне такви соништа. Една теорија е дека лековите ги пореметуваат одредени хемикалии во мозокот кои играат клучна улога во контролата на нашите соништа.

Соништата повремено може да ни откријат работи за нашиот живот, а еве што конкрени појави во нашите соништа може да претставуваат:

Зајак – зајаците во соништата обично претставуваат среќа, брзина, плодност, бременост или магија. Зајакот може понекогаш да сугерира дека реагирате пребрзо на животните ситуации. Белиот зајак е верност и љубов, а ако видите како зајак скока околу вас значи дека децата ќе ви донесат многу радост.

Ѕвоно – своната во сонот означуваат возбуда или повик да го усмерите вниманието кон нешто. Ова е знак дека ќе се мажите или жените.

Заборавање – ако сонувате дека сте заборавиле нешто тоа може да биде знак дека сте заборавиле нешто важно и поради тоа потсвеста ве потсетува.

Зебра – да се сонува зебра често значи променливост во вистинскиот живот.

Земја – ако ја гледате земјата од космосот тоа е знак на ширење, успех и голема среќа. Да се сонува земја обично значи плодност.

Ѕид – ако сонувате дека се качувате по ѕид значи дека сте подготвени да ги поминете сите препреки и предизвици во животот.

Претходна статијаПред Мрка, Ана Бекута 10 години живееше со овој бубњар, а го остави за клавијатурист ФОТО
Следна статијаТаа е првата љубов на Чола – најголемиот балкански заводник на актерката и посветил и песна