Пејачката Јелена Карлеуша со денови се наоѓа во центар на скандалот кој исплива во медиумите кога таа разменувала пораки со босанскиот фудбалер Огњен Врањеш, а сето тоа го откри нејзиниот сопруг Душко Тошиќ.
Прво се жалеше, дека и смета медиумското внимани, со срце парачки пораки до своите фанови кој ни повеќе ни помалку им наметнуваше вина за нејзината “несреќа”, но сега кога има околу 2 милиона следбеници, повеќе и не и е така лошо.
Имено Карлеша, на својот инстаграм објавила импозантна бројка од два милиона, кој претставува број на нејзини следбеници на оваа социјална мрежа. Поради Огњен добила 500к”, „Дали тоа е успех во животот”? “Ќе ги има уште, рекламата е чудо”…
Како за потсетување, пеачката кога почна аферата се жалела на медиумите и апелирала да ја остават на мира, да имаат во предвид дека има маж, две ќерки болна мајка… и цела нејзина патетика ја снема фалејќи се со два милиони (милијарда и половина кинези) следбеници кои ги заработи токму поради сето ова.
Таткото на Јелена Карлеуша, Драган отворено му се закани на фудбалерот Огнен Врањеш дека ќе зажали доколку го објави филмот со неговата ќерка кој наводно го поседува.
Драган Карлеуша е поранешен висок полициски поручник, сега во пензија која беше страв и трепет за Земунскиот клан во деведесеттите години.
Како што пишува „Курир.рс“ негови луѓе отишле во домот на родителите на Огнен во Бања Лука и отворено се заканувале.