Една од најпознатите водителки на Гранд, Драгана Катиќ, е во врска со десет години помлад бизнисмен, но својата љубовна врска ја крие од јавноста.
Како што пренесува „Блиц ТВ магазин“ таа е среќна во новата љубовна авантура, но не размислува за брак.
„Драгана е неколку месеци во тајна врска со успешен бизнисмен од српската престолнина. Интересно е тоа што тој е 10 години помлад од неа. А бидејќи не сака медиумите да пишуваат за тоа, оваа вест таа ја сподели само со најблиските. Знам дека се среќни, дека им е убаво и дека уживаат во моментот.
Задоволни се од својата емотивна состојба и не размислуваат за брак. Во последно време блеска повеќе од кога и да било, постојано се смее, што е доволон показател да ужива во емотивниот живот. Често и подготвува изненадувања и купува цвеќиња. Фин и културен господин, изјави колешката на Драгана.
И самата водителка ги потврдила овие информации:
„Точно е дека имам партнер и убаво ни е. За сега нека остане тајна со кого сум во врска. Можеби на лето ќе откријам за кого станува збор, изјави водителката за „Блиц“.
Драгана Катиќ, сопругот ја остави додека беше бремена со близнаци. Таа пред 20 години го доживеа најголемиот удар во животот, кога наместо да ја доживее најголемата среќа со децата, таа ги преживуваше најтешките мигови.
– На почетокот велеа храбра си што се одлучи на ваков чекор, но јас знам како ми беше. Не беше тоа храброст, јас ги имав моите родители кои секогаш ми се огромна поддршка, не бев сама. Тие беа среќни за мојата одлука и ме поддржаа, вели водителката која си ја отвара душата по цели 19. години.
Вели дека таа и партнерот се разделиле поради разликите кои не можеле да ги надминат.
– Бевме две индивидуи кои беа заедно, пробаа да живеат и да се согласат, но тоа беше тоа и мораше да се стави крај, вели таа.