Вики Миљковиќ и нејзиниот сопруг Драган Ташковиќ Ташка денес важат за еден од најскладните бракови. Секогаш си даваат поддршка еден на друг, а во брак се 11 години.
Вики денес е во жирито на „Ѕвездите на Гранд“ каде заедно со нејзините колеги ќе биде ментор на кандидатите.
Во една прилика таа истакна дека нејзиниот сопруг ќе и го ослободи студиото и ќе и помогне во подготовка на пејачите.
Иако нејзиниот стил е секогаш проблематичен, линија совршено ја средила, но на сликите од почетокот на нејзината кариера јасно се гледа дека на лицето има повеќе корекции. Еве уверете се и самите.
Вики и сама призна дека подлегнала под нож и дека направила неколку естетски операции, а и дека корегира она што не и се допаѓа.
Како што вели пејачката, долг е списокот на нејзините корекции и дека ќе и треба многу време да наброи какви промени направила.
На социјалните мрежи се појави фотографија од Вики во 1994 година, а вака изгледаше пејачката пред пластичните операции.
Тенки веѓи, поголем нос и потполно други црти на лицето. Вака Вики изгледаше пред точно 20 години.