Милена дала празно плико на свадба, но заборавила дека е потпишано – еве како ја казниле младенците

Со денови во Србија и регионот се зборува за приказните за празните пликоа на свадба, кои за жал се се почеста појава денес. Токму поради оваа приказна се јави 27-годишната Милена С. од Србија и за српскиот Курир ја раскажа својата приказна.

Таа еднаш предала празен коверт на свадба.

Loading...

– Кога запишав факултет во Белград не ми остануваа пари. Секогаш сметките, родендените, подароците ги планирав месеци однапред, а тогаш колега од факултет реши да се жени.

Сакав да се извлечам, да не одам, но настојуваше. И сестра ми запиша факултет тогаш, беше мизерно. Не можев да им плачам на моите, а и ми беше срам да се позајмувам, вели Милена.

Девојката додава дека сепак се решила да позајми пари од блиска другарка со која биле заедно на свадба, па таа носела плико, а другарката требала да понесе пари.

Кога седнале во такви и тргнале кон хотелот, таа и рекла дека ги заборавила дома.

Со оглед на тоа дека пликото било потпишано, од тогаш вели пријателите не и се јавиле, иако сакала подоцна да им објасни и купи вистински подарок.