Eфто Пупиновски распали по охриѓани: „Вие своето го кажавте, да си го кажам јас моето!“

0

Еден од доајените на македонската народна песна,човекот кој зад себе остави бројни хитови, не само на наши простори туку и на Балканот, со порака до охриѓани за нивната немарност.И’, навистина, ако се земе предвид неговото творештво, успеси, песни поврзани за Охрид – тогаш Ефто Пупиновски е апсолутно во право.

САМО КОЛКУ ДА СИ КАЖЕМЕ. Вие своето го кажавте, да си го кажам јас моето.Охриѓани мои, ја знаете ли песната Катино моме катинке? Значи ја знаете – добро. Ја знаете ли песната Прости ми душо моја? О да, ја знаете – одлично!А ја знаете ли песната Туѓа си бескрајно? Ја знаете и таа, извонредно.

Велите овие песни ги знае и старо и младо.

А го знаете ли балканскиот хит Лихнида кајче веслаше, каде што се збпорува за Охридското езеро? А бре охриѓани. А бре во живот не сте ме поканиле во Охрид – на плоштад, во оригинал да ви ги испеам сите овие и уште толку други мои хитови. Што ќе беше, што луѓе бевте?

На тој ваш плоштад во тој ваш Охрид други пејачи од Македонија и од надвор ви ги пејат моите песни, ама бледо, неквалитетно.

Пупиноски е присутен на сцената речиси пет децении. Зад себе ги има хитовите ,,Туѓа си бескрајно’’, ,,Лихнида кајче веслаше’’, ,,Пеј со добро вино’’, ,,Тинке, Катинке’’, ,,Прости ми душо моја’’ и други.

Пред четири години тој одржа голем солистички концерт и успеа да ја наполни Универзална сала. Исто така, кон средината на осумдесеттите години на минатиот век, тој беше првиот интерпретатор на македонски народни песни кој направи солистички концерт во Универзална.

Помина скоро пола век,а вие не ја разбравте вредноста на таа „ЛИХНИДА“. Хитот кој ве спомнува и ве величи кај балканскиот граѓанин, хитот кој само по себе си има некоја мала улога во рекламирањето на вашиот туризам. И замислиете, јас не ви се лутам.

Објективно вие немате капацитет тоа да го разберете. Многу ми е жал што ви направив толку убава песна. И уште нешто, тоа „охриѓани мои“ е грешка. Никогаш не сте биле мои.

ЕФТО ПУПИНОСКИ

Претходна статијаРадмила Манојловиќ за прв пат проговори за најтешките животни мигови: Најмногу ми фали мајка ми за Бадник
Следна статијаОва се петте хороскопски знаци на кои 2019. година им носи среќа во љубовта