Радмила Манојловиќ за прв пат проговори за најтешките животни мигови: Најмногу ми фали мајка ми за Бадник

0

Раните на Радмила Манојловиќ уште крварат: Најмногу ми фали покојната мајка за Бадник

Популарната српска пејачка Радмила Манојловиќ се присети на големиот празник Бадник на покојната мајка.

– Ме потсетува на детството кога сите бевме заедно. Мама, тато, сестрата и јас. Ми застанува кнедла во грло овој ден, рече Радмила.

Вели татко и ќе отишол во шума по дрва, а мајка и ја спремала трпезата, а тоа се времиња кои и фалат.

Пејачката Радмила Манојловиќ рано се соочила со најтешката загуба во семејството кога починала нејзината мајка по борба со тешка болест.

За пејачката и нејзината сестра се грижел татко им. Радмила чест правела лекарски прегледи, а открила и поради што.

-Јас сум некој кој води грижа за здравјето. Често можете да м видите во разни клиники , на превентивни прегледи и на инфузии. Многу се сакам себе си. Ни се случи тоа што ни се случи во семејството и на мене и мојата сестра ни е врежано тоа дека мора да се контролираме. Затоа што нашата мајка задоцни.

Можеше веројатно да преживее како што таа болест се лекува во деведесет отсто од случаите. Така што нас ни е прашањето за цел живот, што би било доколку направеше преглед на време. За да не размислуваме за тоа, ние две можеби дури сега и претеруваме“, кажала Рада.

На прашањето на водителот дали ја мачи тоа што мајка и можела да преживее, Рада вели: „Не размислувам за тоа. Инаку сум некој кој не се навраќа на минатото.

Мојата сестра поради тоа ми вели дека сум себична, но јас за себе велам дека сум професионалец и дека го немам тој луксуз да се навраќам на минатото кога и да ми текне, туку еднаш на две три години“, кажала пејачката и признала дека некогаш знае да се исплаче за да и олесни.

Претходна статијаШто треба да направите со бадниковата паричка за да ви донесе среќа и бериќет
Следна статијаEфто Пупиновски распали по охриѓани: „Вие своето го кажавте, да си го кажам јас моето!“