Светлана Цеца Ражнатович и Жељко Р. Аркан се запознале во 11 октовмри 1993 година. На командантот му паднала во очи атрактивната црнка за која лудувале половина машка популација од ЈУгославија.
Малку после тоа почнала љубовната приказна на Цеца тогаш Величковиќ и Аркан.
Сепак кога се вериле и планирале венчавка, таа отишла кај родителите и им соопштила што одлучила.
Родителите на Цеца прво мислеле дека нивната маза ќе се мажи за пеачот Жељко Сашиќ, а вистинското изненадување следело кога таа им кажала дека Аркан е тој којх го освоил нејзиното срце.
Пред 23 години фолк дивата Цеца Ражнатовиќ се вети на вечна љубов со Жељко Ражнатовиќ Аркан, а свадбата беше прогласена за „свадба на деценијата“. Стапувањето во брак се емитуваше на малите екрани, присутните уживаа во изобилство ретко видено на овие простори, а Цеца во повеќе наврати наведуваше дека тогаш се чувствувала како принцеза
Пејачката Цеца Ражнатовиќ зборувала за својот однос со покојниот сопруг Жељко Ражнатовиќ и откри досега непознати детали.
Цеца раскажала дека нејзиниот сопруг имал животна желба која се однесува на неа и дека таа по извесно време ја остварила, меѓутоа тој не дочекал да ужива во тоа.
Една година бев целосно повелечена од медиумите и тоа беше моја единствена одлука. Во октомври 2001 година го снимив албумот Деценија. Морав да се вратам во колосек! Знаев дека децата морам да ги изведам на прав пат. Дека морам да бидам посилна отколку што сум и да се борам како знам и умеам.
Фала на Бога што ми дал талент. Јас пред Жељко имав кариера и и се посветив. На Маракана 2002 година имав концерт и тоа беше желба на Жељко. Додека беше жив тој постојано ми зборуваше: Мене животна желба ми е да ја наполниш Маракана. Ти мораш да ја наполниш. Јас му велев, дали ти знаеш колкава е Маркана?Таа е огромна, прима 100.000 луѓе- се присетила Цеца.
Жељко ме убедуваше: Знам, ама ти ќе ја наполниш Маракана! Јас потоа му зборував: Па како да ја наполнам?Жељко навистина долго ме убедуваше дека треба да закажам, концерт. Сепак на крај не доживеа да ужива во мојата музика на Маракана. Кога на крајот конечно требаше да одлучам да организирам концерт, се сетив дека тоа беше желба на Аркан. Во себе си реков: Е сега Жељко, нека ти биде, ќе пеам на Маракана – открила Цеца.
Наталија Мартиновиќ, сопругата на Жељко Ражнатовиќ Аркан го напуштила кога дознала дека се појавиле емоции меѓу Жељко и познатата фолк пејачка.Откако Аркан сам признал дека се заљубил во Цеца, Наталија ги спакувала куферите и си заминала.Иако тогаш сите ја обвинале Цеца дека е крива за нивната разделба, Аркан истакнал дека таа нема врска со таа одлука.
„По 15 години брак со Наталија, јас се разведов. Мојата жена и јас повеќе не сме заедно. Имав три брака, но никогаш не бев „женскарош“. Додека бев во брак мојата поранешна сопруга немаше причина за сомневања. Потоа, се заљубив во Цеца. И кажав на сопругата. Поточно, тоа полека се случи. Цеца беше упорна. Постојано ми зборуваше за нејзината љубов, а јас почнав да ја прифаќам, изјави Аркан во 1996 година за српските медиуми.
Инаку,Цеца Ражнатовиќ ретко зборува за емоциите и своите врски, но за тоа, како што вели и самата има посебна причина. Сепак, фолк пејачката во интервју за „Бекстејџ“ конечно реши да прозбори за оваа тема и како што рекла, моментално е задоволна од својот живот.
Иако во последното видео за дуетската „Лажов ноторни”, која ја сними со Саша Матиќ, публиката ја виде во венчаница, таа вели дека се мали шансите во реалноста такво нешто да се случи.
„Се омажив еднаш од љубов и родив две деца. Не велам дека од трагичниот крај на тој брак цело време сум била сама, имаше некои врски и комбинации, но никогаш не сум размислувала да се омажам за некој од тие мажи. Не постои таков кој може да го замени Аркан”, заклучила Ражнатовиќ.