Јелена Карлеуша, послескандалот се обидува да се врати на работата и обврските. Таа се врати во жирито на Ѕвездите на Гранд, иако била нервозна и со колегите не сакала да зборува за она што се случило.
Карлеуша, како што тврдат извори блсики до неа наводно успеала да ги реши несогласувањата со својот сопруг Душко Тошиќ, кој овој месец ќе ја води на подолг одмор во Дубаи. Тошиќ наводно веќе уплатил луксузен апартман за целото семејство, како и дадилка, која на него и Јелена во целост ќе им помогне да се одморат.
Јелена не е најдобра. Ненаспана е, анксиозна и нервозна, но она што е најважно е дека семејството се уште е заедно. Душко застана зад неа во целост, а несоглсувањата кои ги имаа, ги решија во четири ѕида, така што од развод нема дефинитвно ништо – раскажала другарка на Јелена за Свет.
Скандалот помеѓу Јелена Карлеуша и фудбалерот Огњен Врањеш никако да се стиша. Во целиот скандал се замешал наводно и Драган Карлеуша, татко на Јелена, а сега изгледа му се смачило и на братот на Огњен Стојан.
Тој до овој момент не се мешал, и бил цело време на страна, а фотографијата која ја објавил на својот Инстаграм со натпис “Само ве посматрам”, е повеќе симптоматична, и не е исклучено дека е упатена на Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ.
Стојан Врањeш исто така е фудбалер, моментално игра за Железничар од Сараево.
Тој за разлика од помалиот брат не е по скандали. Постариот Врањеш е оженет и има две деца, преубава сопруга, и води мирен живот со семејството.
Сепак, двајцата браќа често поминуваат заедно, што може да се види и на фотографиите на неговиот Инстаграм профил.
Дали ова навистина значи закана упатена на Душко и Јелена останува да се види.