Снежана Ѓуришиќ до Карлеуша: Сите знаеме дека не е монтажа, се обрука и себе си и сите нас

Кавгата се разгорела кога Ѓуришиќ го споменала скандалот за кој со недели се бруи во јавноста. Јелена на тоа бурно израгирала, со што направила проблем.

„Се започнало кога Снежана пред сите ја прашала Јелена што и требало тоа со Врањеш. Карлеуша се правдала дека во прашање е монтажа, но Ѓуришиќ без заобиколување и порачала: Ма дај, сите знаеме дека не е, се обрука и себе си и сите нас”.

Тогаш Карлеуша експлодирала и викала по Поповиќ веднаш да ја тргне, како и тоа дека несака да седи покрај неа” открива очевидец и додава.

“Пред да дојде Јелена Саша им сугерирал на останатите членови на жирито да не ја споменуваат аферата со Врањеш.

После кавгата помеѓу Снежана и Јелена Поповиќ ја прашал Ѓуришиќ зошто не го послушала, заклучува очевидецот.

Јелена Карлеуша се појави на снимањето на емисијата на „Ѕвездите на Гранд“, по спорната афера каде испливаа експлицитни фотографии. Сеуште под стрес, дошла во студиото во друштво на својот менаџер и одма настанал проблем. Таа бесна му пришла на Саша Поповиќ викајќи:

– Тргнете ја оваа будала од мене. Нема да седам покрај Снежана Ѓуришиќ тоа не е добро за моето ментално здравје.

Саша ја смирувал ситуацијата, а како и сите останати и тој ја имал во предвид целата ситуација со аферата па не и придал премногу значење на нервозата на Јелена, која била очигледно присутна цело време.

Кавгата на Јелена со Снежана започнала за време на снимањето на емисијата кога на една од кандидатките и викала: „Срам да ти е, срам да ти е, засрами се“.

Снежана јавно негодувала: „Зошто Јелена така велиш, девојката нема причина да се срами„. „ Е, срам да ти е“, продолжила Карлеуша.

Поповиќ и тогаш се замешал, но ЈК не му дозволила да изговори ништо во врска со тоа.

– Дали нас ни е лесно, кој ни гледа на нас низ прсти, кој не штити?! Нас не распарчуваат – урлала Карлеуша на цел глас, алудирајќи на медиумските написи во екот на аферата со Врањеша.

Српските медиуми ја побарале и Снежана за коментар, а таа се обидела да одбегне одговор и да одговори на навредите на Карлеуша, но смирено само одговорила:

– Јас би сакала тоа да не го пишувате. Не и е лесно сега, неврозна е сега.

Loading...