Ана Кокиќ се разведе по 10 години брак – На фановите им откри зошто не сака да ја извади бурмата

Српската пејачка Ана Кокиќ и ватерполистот Никола Раџен дефинитивно му ставија крај на бракот и тоа на Божиќ преку заедничко соопштение до јавноста.

По огласувањето пејачката наместо да се изолира далеку од очите на јавноста, таа сподели фотографија на својот Инстаграм профил каде јасно се гледаше нејзината бурма.

Loading...

Откако се крена лавина коментари за спорната бурма која се уште ја носи пејачката се огласи извор близок до парот.

-Двајцата пред да ги потпишат документите за развод секојдневно се слушаа, тој се интересираше како се ќерките Нина и Теа, а сега имаат и нов член кучето Теди. Шпекулациите за нивниот брак воопшто не влијае на парот, а децата знаат што е вистинската причина за нивните мајка и татко и нема потреба да се мешаат во секојдневните текстови на новинарите, вели близок извор за српски „Ало“.

Во врска со бурмата, тој додава дека тоа е симбол на нивната љубов и Ана нема намера да ја извади од рака.

Фановите по оваа нејзина одлука сепак со поделено мислење, некои се загрижени дека таа се уште го сака и не може да го заборави, додека другите сметаат дека не треба да носи ништо поврзано со него.

Веста која силно одекна на Божиќ стигна и до Јелена Карлеуша која јавно на Твитер и се обрати на нејзината колешка и упати порака до неа.

-Искрено многу би е жал поради Ана Кокиќ и веста дека се разведува. Има две ќерки исто како и јас, таа е жена која се бори во својата работа храбро…, напиша Карлеуша.

Со оглед на тоа дека повеќе време живее во Москава, за сопругот на Ана Кокиќ се појавија шпекулации дека ја изневрувал со Русинка.

Пејачката Ана Кокиќ и ватерполистот Никола Радиќ одлучија да стават крај на нивниот брак.

Во заедничко соопштение објаснија дека не се развеле како непријатели, а во медиумите се појавија написи дека Никола ја изневерувал Ана.

„Ана и Никола веќе шест месеци знаат дека на нивниот брак му дојде крај. Ана во Москва последен пат беше во ноември, а не во декември како што се пишува. Таа цел декември беше во Србија каде што имаше голем број на настапи“ вели извор.

Се огласи и Никола по гласините дека ја изневерил пејачката.

„Јас и Ана се кажавме во заедничкото соопштение и не знам зошто се потенцираат такви лажни приказни. Секако дека не ја изневерував, тоа е лага. Навистина не би им давал значење на тие измислици“ вели Никола.