Зоки Фаци обвинува: Асистентката на Елена Ристеска ме фати за врат – веќе ja пријавив

0

Зоран Василевски, eстрадниот новинар, вечерва беше нападнат пред познат скопски ресторан од асистентката на Елена Ристеска – Елеонора Неделковска, тврдат од „1ТВ“, каде што новинарот е моментално вработен.

„Сакавме да ја снимаме Елена Ристеска пред еден познат скопски ресторан, но бевме нападнати од асистентката на пејачката. Прво го нападна снимателот, па потоа и мене.

Bese luda nok bravo za policijata

Публикувахте от Zoran Faci Vasilevski в Петък, 14 декември 2018 г.

На колегата му ја бутна камерата, а мене ме фати за врат. Не навредуваше со најпогрдни зборови, а Ристеска само седеше во ресторанот и набљудуваше.

Веднаш се јавив во полиција за да го пријавам инцидентот и оставам на надлежните институции да го расчистат случајот“, изјави Василевски за 1ТВ.

Беше луда ноќ, сподели водителот на „Фејсбук“ каде упати и пофални зборови до полицијата.

Претходна статијаНекој моли да отиде да работи во Германија, а нашинци таму, работата ја одбиваат
Следна статијаАлександар Белов откри што ќе прави на 33 години – ако кажам повеќе, нема да биде изненадување