Сергеј “Ќе ми пукне душата” Варошлија ја добива првата тужба и тоа од никој друг, туку од колешка по два основа: ем и таа ТВ водителка, ем полето на интерес и е исто – мода и убавина.
Тој ја коментираше отприлика вака: “Изгледа многу лошо и ова не е инфлуенсер, ова не е блогер и мислам дека ако треба да си блогер и инфлуенсер, тогаш оди на расадници и сади шаргарепи, копај, со тоа штиклите прави колци за патлиџани….“ – колку за пример, беше еден од коментарите на модниот гуру, нарекувајќи ја водителката „живот без стил“.”
Вчера Елена, на својот профил на социјалните мрежи напиша статус во кој коментира:
“Правдата е бавна но секогаш стигнува! Институциите ја препознаа неправдата, сега на ред е судот! За божјиот секој си одговара!”
Притоа таа го приложува одговорот кој го добила од Агенцијата за електронски комуникации:
-Вонреден надзор по претставка врз 1 ТВ – начела за вршење на дејноста, Скопје, 21.11.2018г. – По добиена претставка, Агенцијата изврши вонреден програмски надзор врз емисијата „Мода со Сергеј Варошлија“ емитувана на 1 ТВ на 22 и 30 октомври и 8 ноември 2018 година.
Надзорот покажа дека се основани наодите од Претставката, според кои во овие изданија на емисијата „Мода со Сергеј Варошлија“ се застапени непристојни коментари, недолични описи, јавно изложување на подбив, погрдна експресивна лексика и говор кој може да биде сметан за навредлив, а кој се однесува на физичкиот изглед на подносителката на Претставката.
Однесувањето и комуникацијата на овој начин се спротивни на начелото за заштита на достоинството на личноста и се непримерни за јавна комуникација преку телевизија.