Македонци не се занесувајте, куќа од милион во Австралија е монтажна барака

0

Трендот на Балканскиот полуостров во изминатите години за иселување во прекуокеанските и западно Европските држави е во нагорна линија. И Македонија не е исклучок од ова, па така, во Италија на пример, но и во Америка и Австралија има цели населби во кои живеат претежно Македонци. Такви се примерите со Пјаченца, Ну Џерси, Рокдајл (Сиднеј), Австралија.

Но неретко се случува очекувањата да се нереално високи, па кога ќе се отиде таму да следи огромно разочарување. На еден форум наидовме на кратко објаснување од нашинец кој има роднини во Австралија, кое дава добри податоци за стандардот во таа држава:

“Дел од моето семејство е во Австралија и повеќе од пола од мојата фамилија е таму, затоа детално им го знам системот, секој ден го слушам истиот муабет. Таму е убаво, оти ако работиш ќе си земеш плата, ако не работиш државата ќе ти обезбеди. Знам за социалните станови на бездомниците или социалните случаи, им даваат да си бираат кој го сакаат, замисли какво систем е тоа?!

Некој да ти даде стан, па уште и да ти рече да бираш. Тоа кај нас го нема, ама кај нас, за разлика од кај нив, мал е бројот на бездомници, а огромен бројот на социални случаи, се` едно дали се фиктивни или не – под завод се.

Куќа од милион долари за Македонија е палата, ама за Австралија е монтажна барака. Стандардот им е многу висок. Кило пиперки таму ти се 15 долари, кај нас се 15 денари. Неделна плата на еден пријател во Перт е 3,500 долари, живеат во куќа (ѕидана) од 5 милиони долари, а возат кола од 15,000 долари. Знаеш колку трошоци има таа куќа??? Треба да се платат сметки: струја, вода, греење, телефон, интернет… се` е трошок, таму нема затајување на сметки `ко овде.

Не значи дека ако твојот пријател вози кола од 50,000 долари дека е богат. Колку кредити имаат за исплаќање??? Куќата од милион долари е негова, изнајмена е или пак на кредит ја зел? Многу чудни математики правите.

И таму можеш да се отепаш од работа, ама со една плата едвај да можеш да се прехраниш. Уште да напоменам дека 3,500 долари неделно во Австралија се како овдешна плата од 1000 евра месечно, ама трошоците во Македонија и таму не се исти.”

Претходна статијаНајчевска: Вчера полицијата ги блокираше раскрсниците
Следна статијаВо врска со Сергеј се огласи и Елена “Живот со стил”: Правдата е бавна но секогаш стигнува