Во сабота имаат настап во Скопје, а многу скоро Милица изјави дека Аца Лукас ја “пали”

0

Аца Лукас во сабота вечер има настап во Скопје, на голем предновогодишен концерт, заедно со Пеџа Меденица и Милица Павловиќ. Се очекува голем спектакл, со оглед на фантастичната тројка која ќе настапува.

Инаку Милица Павловиќ и Аца Лукас неодамна снимија дуетска песна „Кидаш ме“, поради што започнаа гласини дека меѓу парот постои блискост. Гласините ги подгреа и изјавата на Милица:

„Аца е вистински заводник, но сега кога сме многу блиски можам да кажам дека сфаќам зошто жените го сакаат и што гледаат во него. Тој е многу специфичен, има силна енергија и харизма, но исто така знае да биде и џентламен кога жените се во прашање. Посебно важно е што знае да ве насмее, а мене тоа ми е важно во еден однос. Кога мажот знае да ве сака, да ве направи среќни, но и да ви го разубави денот, тој е вистинскиот, вели Милица.

Пејчката истакна дека поради дуетската песна и хемијата во спотот сите ја прашуваат за односот со пејачот.

„На секој чекор ме прашуваат за Лукас. Неодамна му реков дека изгледа сум негов потпарол. Шегата на страна, се тоа покажа дека сме одлична спојка и дека дуетската песна е вистински погодок, вели Павловиќ.

Претходна статијаБеше верена кога го запозна – убавата Шехерезад го остави него поради актерот
Следна статијаЕлена Ристеска: Ми пишуваше дека сум го разбудила од кома и ми доаѓаше на врата, морав да го пријавам во полиција