Елена Ристеска: Ми пишуваше дека сум го разбудила од кома и ми доаѓаше на врата, морав да го пријавам во полиција

0

Изминатото лето нашата поп-пејачка Елена Ристеска беше во Америка, а престојот го искористи и да изработи видео запис за новата песна која наскоро ќе и ја понуди на својата публика.

Уште откако се врати на домашна територија, Елена најави дека патувањето не и било само приватно, туку работела и на музички план.

Поп-ѕвездата Елена Ристеска пред неколку години била принудена да побара заштита од полицијата откако повозрасен човек со денови ја вознемирувал, пишува Женски магазин.

Ми пишуваше дека вселената нѐ предодредила да бидеме заедно и дека сум го разбудила од кома, па почна да ми доаѓа на врата. Тој случај заврши со пријава во МВР. Многу често фановите ги губат сетилата и почнуваат да прават нешта кои нѐ вознемируваат, објасни Ристеска пред неколку месеци.

Низ годините ѝ се случиле многу невообичаени ситуации. Повеќето биле симпатични гестови, но признава дека на своја адреса добивала и навредливи пораки. На автомобилот често наидувала на пораки на кои пишува: „Елена те сакам!“ или „Елена, омажи се за мене“.

Има и луѓе со фантазијата без граници, па си замислуваат дека сме заедно и ми стигнуваат пораки од типот: „Оваа е нашата песна“ или „Те сакам, а ти не ми возвраќаш на љубовта“. Кога ќе се налутат ми пишуваат навредливи коментари. Има личности кои ми пишуваат преку триесет пораки дневно , раскажа пејачката

Деновиве низ скопската чаршија брујат приказни и муабети дека Елена Ристеска и Лозано се во врска. Наводно, последниве неколку месеци пејачите се зближиле и се неразделни, па дури и почнале да настапуваат заедно.

И на нивните профили на социјалните мрежи можат да се видат заеднички фотографии, а на една од нив Елена во описот напишала дека Влатче е златен. Дали станува збор за нова естрадна романса или само пријателство е во прашање, останува да видиме…

Елена Ристеска е македонска пејачка и текстописец на популарна музика. Претставник е на Македонија на изборот на песна за Евровизија за 2006 со песната „Нинанајна“ на Дарко Димитров и Раде Врчаковски.

Родена е како второ дете во домот на Деса и Ацко Ристески. Таа уште во своите рани години покажала интерес кон музиката и уметноста. Таа своите први чекори во музиката ги прави во раните школски денови. Подоцна се приклучува кон КУД „Кочо Рацин“ во одделот за народни ора и танци. Со ова културно уметничко друштво гостува во неколку европски земји.

Влатко Лозаноски – Лозано е македонски пејач. Роден во Кичево. Заедно со Есма Реџепова, ја претставувал Македонија на Евровизија 2013 година во Малме, Шведска.

Негов прв јавен настап беше како член на македонското талент шоу Мак Ѕвезди во септември 2007 година. Еден месец подоцна, тој доби гран при награда на првиот Македонски Радиски Фестивал наречен Ѕвездена ноќ. Ја пееше песната Врати ме, што воедно е и неговиот прв сингл, додека негов втор сингл е Обичен без тебе

Претходна статијаВо сабота имаат настап во Скопје, а многу скоро Милица изјави дека Аца Лукас ја “пали”
Следна статијаДарко Лазиќ по три месеци, конечно ја виде ќеркичката Лорена – пред тоа бил многу зафатен