Цеца части, ќе го носи цело семејство на патување: До 7. Јануари постиме, а потоа ќе организираме трпеза

0

Фолк ѕвездата Цеца Ражнатовиќ заедно со семејството ќе го прослави големиот христијански празник Божиќ и тоа во Мексико. Пејачката настапува во Канкун на 3-ти и 4-ти јануари, по што ќе ужива на обалата на Карипско море се до српска Нова година, кога ќе се врати во Србија бидејќи на 15-ти прави помен за Аркан.

-Се радувам на настапот во Мексико, а после ќе останам со Анастасија, Вељко и Богдана таму. Сакам малку да се одморам од се. Божиќ ќе го славиме таму, до 7-ми јануари постиме, но ќе организираме вистинска празнична трпеза. Драго ми е што ќе бидам со децата бидејќи тоа е семеен празник, вели Цеца за српски Информер.

Инаку Цеца во последните десетина години одлучи комплетно да и се посвети на Православната вера. Таа живее во Христа, со редовен пост, исповед и причест. Православните верници дури и за новогодишната ноќ го почитуваат постот и не му придаваат особено значење на овој ден.

Претходна статијаСергеј повторно ја “нагази” Елена Живот со стил – таа го игнорира (ВИДЕО)
Следна статијаСнаата на Лепа Брена откри каде планира да се породи