Сликана на Малдиви – Драгана Мирковиќ во бикини ФОТО

Драгана Мирковиќ денес важи за една од најуспешните пејачки во регионот, а пред 50 години кога се родила во Касидол никој не претпоставувал дека ќе биде толку успешна.

Денес, Мирковиќ живее во Виена заедно со нејзиниот сопруг и децата, а селаните од нејзиното родно место открија непознати детали за животот на пејачката.

Откако српската пејачка Драгана Мирковиќ неколкупати во интервјуа изјавила дека никогаш не се сликала разголена и во бикини за списание оти не сакала кариерата да ја гради на голотија, на интернет се појави нејзина стара фотографија во бикини.

Сликата, според српските медиуми, е од 1997 година, а е направена на Малдивите. Драгана носи жолто-син костим за капење, очила и шапка на сонце. Но, многу нејзини обожаватели не веруваат дека на сликата е таа.

„Тврдите дека е Драгана, а оваа жена може и да не е таа, не ѝ се гледа ликот“, стои во еден од коментарите на интернет.

Драгана неодамна наполни 50 години, а нејзините фанови се уште ги слушаат нејзините песни.

Инаку, Мирковиќ денес живее во Виена каде е омажена за бизнисменот Тони Бјелиќ со кого заедно има две деца.

Таа е сопственичка и на телевизијата ДМСАТ.

Loading...