Не заборавајте вечерва да замислите желба за време на последната полна месечина во 2018 година

0

Последната и најјака полна месечина во 2018 година ќе имате прилика да ја видите денес на 22 декември.

Поради студените денови во кои се јавува неа ја викаа и Студена/Ладна Месечина, а поради тоа што во прашање е последната полна Месечина во годината, позната е и како Долга месечева ноќ. Според верувањата, на оваа полна Месечина треба да посакате некоја желба и таа ќе ви се оствари.

Имајте на ум дека оваа полна месечина ќе биде во знакот на Ракот, во четвртото поле на домот и семејството. Емоциите ќе бидат многу нагласени, а бидејќи Месечината ќе биде и во аспект со Сатурн, работите нема да бидат лесни. Многумина ќе се вратат во минатото со помош на сеќавањата кои можат да бидат и добри и болни, што зависи од аспектот во личниот хороскоп.

Секако, бидете во друштво на семејното опкружување и прославите. Избегнувајте расправи и гледајте собирите да ги доведете во енергијата на љубовта, топлината и хармонијата. Бидејќи Венера ќе биде во знакот на Шкорпијата таа ќе направи добар аспект со Нептун, па има и добри шанси таа вашите негативни емоции да ги трансформира во хармонија и љубов.

Пред многумина од вас се убави и хармонични случувања за време на оваа полна Месечина, но некои можат да имаат стресен и тежок период. Најголемо влијание ќе осетат лицата од првата декада на Ракот, Јарецот, Овенот и Вагата. Бидејќи полната Месечина паѓа во првата декада на Ракот, така сите кои се родени во првата деката на секој знак ќе почувствуваат јаки вибрации.

Месечината има најголемо влијание кога е млада или полна. Полната месечина е период кога таа добива најмногу светлост од сонцето, што е пак чиста енергија. Тогаш можете да видите како месечината блеска на ноќното небо во полн сјај.

Се станува посилно на полна месечина. Ако сме во хармонија со самите себе, полната месечина ќе ни донесе многу позитивни вибрации – вселената секогаш го рефлектира тоа што го носиме во нас самите.

Иако поради својата снага на многумина ќе им направи не рамнотежа на здравствено поле и ќе донесе несоница, за финансиите таа енергија е бесцената. Поради тоа се вели да „внимавате“ за што размислувате во текот на денот – би можело и да ви се оствари.

Полната месечина може да ни донесе позитивни резултати ако користиме афримации, молитви, медитација, дури и во процес на лекување од болести. Секоја енергија во вселената можеме да ја искористиме или на конструктивен или на деструктивен начин, а тоа зависи само од нас самите. Еве како според старите верувања можете да ја искористите таа енергија за привлекување на богатство.

Ритуал со банкнота

Наједноставен ритуал е да земете една банкнота, по можност црвена. Кренете ја раката и со неа мавтајте неколку секунди или минути кон месечината додека концентрирано замислувате и чувствувате како ви се зголемуваат парите.

Таа банкнота потоа ставете ја во паричникот да „преноќи“. Следниот ден потрошете ја. Слично на ова кога месечината е во фаза на опаѓање, неколку дена по полната месечина, гледајте во месечината и замислувајте како исчезнуваат проблемите кои ве мачат.

Претходна статијаДрагана Мирковиќ конечно се огласи по незгодната средба со Цеца: Издржав и полошо, па ќе го издржам и ова
Следна статијаСликана на Малдиви – Драгана Мирковиќ во бикини ФОТО