Ален Исламовиќ, некогашниот пејач на „Бело дугме“ кон крајот на 2016-та година, ги засадил првите лешници во Бихаќ, а сега на 2,3 хектари има 1500 садници. На прашањето зошто баш лешник, Исламовиќ одговара: Лешникот е многу инетресно дрво и научно е докажано дека раѓа од 80 до 100 години, значи со оваа плантажа ќе може да се занимава мојот внук и паравнуци.
„Јас доста се начитав и прочитав за лешниците, посетив и некои плантажи во Македонија, Србија“, истакнува тој и додава дека во Бихаќ има идеални услови за овој лешник.
Исламовиќ вели дека планира да го прошири својот бизнис и дека ќе направи свој бренд во иднина-еко-лешник кој би се пакувал и извезувал на пазарот на Европската унија.
„Имам контакти со Шведска, Данска и Норвешка која е желна за лешници, немаат ни за јадење, а не за производство“, вели тој.
Значајни приноси очекува за 5 години, вели дека секој лешник е регистриран и лиценциран , па за извозот во ЕУ не се грижи.Ален Исламовиќ неодамна истакна и дека, да знаел оти земјоделството е толку интересно ќе се посветел на тоа поодоамна.
„Во план ми е е мал овоштарник. Би садел цреши, вишни, јаболки, круши, сливи…тоа ќе биде вистински мал коктел-овоштарник“, открил тој.