Детална временска прогноза за цела недела – во вторник драстична промена

0

Времето денеска во утринските часови ќе биде облачно со локален дожд, на повисоките места со дожд и снег, а на планините со снег.

Во текот на денот ќе има разведрување, во текот на ноќта кон понеделник ќе има нови врнежи кои поради спуштање на постуден воздух од север на планините и на повисоките места ќе бидат од снег, а на некои пониски места од дожд и снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец.

Утринската температура ќе се движи во интервалот од минус еден степен до 3 степени целзиусови, а дневната од шест до 13 степени Целзиусови.

Во Скопје слично време. Утринската темература ќе се спушти до еден степен Целзиусов, а дневната ќе достигне девет степени.

Во вторник ќе има и понатаму услови за сосема слабо и локално провејување на снег, температурите на воздухот значително ќе опаднат и од вторник минималните ќе се спуштаат во интервалот од -9 до 0 додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од -2 до 7 степени.

Да напоменеме дека следните денови на повисоките места и на планините ќе се формира снежна покривка која ќе изнесува од 10 до 20 цм, на планинските места и над 20 цм, локално и над 30 цм, таму пак каде што ќе има врнежи од дожд се очекува воден талог локално и над 20 л/м2.Исто така во некои од котлините има услови и за појава на замрзнат дожд.

Претходна статијаСлавниот пејач стана земјоделец – од микрофон на нива
Следна статијаОвие хороскопски знаци ќе бидат многу среќни неделава