Се огласи Јована околу пишувањата дека таа е причина за наводниот развод на Северина

0

Пред неколку дена српските медиуми пишуваа дека наводно се разведуваат Северина Којиќ и Игор Којиќ, а како причина за нивниот развод беше наведена водителката Јована Јоксимовиќ.

Имено, наводоно Драган Којиќ Кеба на својата слава ги поканил Жељко и Јована , а кога Севе дознала  ги спакувала куферите и заминала во Загреб. Како што пренесуваат медиумите таа не ја поднесува водителката бидејќи во една емисија ја спомнала нејзината мајка.

Кога од порталот „Ало“ и се јавила на Јована да ги прокоментира овие написи, таа одговорила:

„Навистина не сакам да се занимавам со тие глупости и да коментирам, ве молам рзберете ме“ изјави Јоксимовиќ.

Гласините за нивниот развод се зголемија и кога Северина не се појави на концертот на Кеба. Меѓутоа, изгледа од разводот нема ништо бидејќи популарниот брак пред некој ден бил фотографиран како се шета во близина на нивниот стан.

Претходна статијаМигранти воодушевија: Ги искористивме вашите дрва, ве молам земете ги парите
Следна статијаПосле овој разговор било јасно дека ќе се разведат – Северина бесна на сопругот