Пејачката Цеца Славковиќ повеќе од деценија не е активната на сцената. На публиката во аманет и остави два албуми и се повлече, а беше позната како девојка на Жељко Јоксимовиќ.
Жељко Јоксимовиќ денес е во среќен брак со водителката Јована Јоксимовиќ. Додека не ја запозна својата сегашна сопруга тој имаше романса со пејачката Леонтина и со водителката Адриана Чортан.
Сепак малкумина знаат дека тој се забавувал и со Цеца Славковиќ.
Тие соработуваа на нејзиниот албум „Тајна“, кој доживеа голем успех. Во меѓувреме Цеца се повлече од естрадата.
Имено, нивната врска беше доста актуелна во јавноста, но никогаш конкретно не говореа еден за друг.
Инаку, Цеца Славковиќ е запаметена како пејачка со соврешен глас.
-Ако сакате да знаете што во мојот живот е последното што очекував, тоа секако е медиумското внимание и естрадно експонирање. Ако прашувате дали уживав во тоа што редовно се појавував во медиумите – не. Сакам ли да се вратам на естрадата – не сакам, дали еден ден ќе се вратам – кој знае.
Би кажала дека тоа не треба да го правам на овие години. Она што ми недостасува се оние прекрасни луѓе кои ги запознав додека живеев како јавна личност. И денес ги гледам, но не пред, туку зад камерите, објаснува Цеца.