После разговорот со Цеца и се слоши: Драгана Мирковиќ заврши во болница

0

На Драгана Мирковиќ и се слошило после зборовите на Цеца, поради што завршила во болница. Непријатната средба меѓу Цеца Ражнатовиќ и Драгана Мирковиќ доби поголеми размери, па Драгана заврши во болница бидејќи и е загрозено здравјето.

Српската пејачка Драгана Мирковиќ синоќа била итно однесена во болница во Виена, поради зголемен крвен приситок, главоболка и забрзана работа на срцето. После првата помош, Драгана била задржана во болница за да се извршат сите потребни анализи, а оваа информација официјално ја соопштија од нејзиниот менаџерски тим.

-Засега можеме единствено да кажеме дека Драгана се чувствува подобро и дека сме уверени дека се ќе биде во ред – велат од ПР службата на пејачката.

Некои српски медиуми повикувајќи се на свои извори пишуваат дека на пејачката ѝ се слошило откако Цеца Ражнатовиќ се огласила по повод односот со Драгана, односно непријатниот разговор при нивната средба во Радио-телевизија Србија.

Претходна статија„Не за кого е ветено, туку за кого е печено“, – песната на Тамара Тодевска требало да ја пее Цеца
Следна статијаЈелена Карлеуша ја искоментира средбата меѓу Драгана и Цеца