Дарко Лазиќ по само неколку дена откако се разбуди од кома, дозна дека неговата девојка Марина Гагиќ е бремена. Пејачот не престанува да прави планови за иднината. Пејачот кој од неодамна е на рехабилитација на бања, дополнително е мотивиран што побрзо да закрепне, за да биде подготвен за приновата која ќе пристигне во неговиот дом.
Дарко одмна посакувал да добие уште едно дете, а откако Марина му соопштила дека е во блажена состојба, уверен е дека по ќерката Лорена, доаѓа син. Поради тоа, пејачот решил уште сега да му најде име на бебето, а тоа е Михаило, бидејќи верува дека Свети архангел Михаил, му го сочувал животот.
-Уште додека беше во брак со Ана, Дарко сакаше да го прошири семејството и замислуваше да има повеќе деца. Меѓутоа, година, две откако ја добија Лорена, нивниот брак западна во криза, а набрзо потоа се разделија. Двајцата почнаа нова врска, а Дарко промени неколку девојки пред да биде со Марина, вели за српски „Вип“ пријетел на пејачот.