Уживајте во сонцето: Од утре метеоролозите најавуваат магла и обилни врнежи

0

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Претпладне по одделни котлини ќе има слаба магла. Ќе дува слаб јужен ветер.

Утринските температури ќе се движат од -5 до 1 степен, додека дневните ќе достигнат до 12 степени.

Во Скопје и околината температурата ќе се движи од -3 во утринските часови до 6 преку ден.

Во текот на работната недела времето ќе биде претежно стабилно со појава на утринска магла по одделни котлини. Локални врнежи од дожд ќе има во текот на ноќта консреда и во среда во утринските часови.

Пообилни врнежи се очекуваат од сабота кон крајот на денот.

Претходна статијаНе го знае полот, но Дарко Лазиќ веќе знае како ќе се вика детето – тој верува дека Архангел Михаил е тој што го штити
Следна статија(ФОТО) Шкода Скала, наследникот на Рапид е “вселенски брод”, а нема да чини многу