Мaкедонката Снежана стана позната во Австралија и се омажи за тренерот Сем Вуд

0

Снежана Маркоски стапи во брак. Згодната Македонка, која живее во Австралија, се омажи за тренерот Сем Вуд, во кого се вљуби додека учествуваа во третата сезона од реалното шоу „The Bachelor“.

На свадбената прослава атрактивната невеста блескаше во венчаница со разголен грб од брендот Pallas Couture, креирана специјално за неа. Минатата година, 36-годишната Македонка, објави дека започнува свој моден блог и привлече големо внимание кај австралиската јавност.

37-годишната Снежана со Сем имаат едно заедничко дете, ќерката Вилоу. Таа има и 13-годишна ќерка од претходна врска.Блогот „By Snezana“ е место каде Маркоски ги споделува нештата кои ги обожава, а се поврзани со убавина, мода, животен стил и патување.

Личниот стил на Снежана ги одразува нејзините чувства и карактерот, а според неа, сексапилот не е во голотијата на женското тело, туку во самодовербата на жената. „Чувството да се биде секси не е во тоа колку многу кожа покажуваш, туку да чекориш со крената глава, да бидеш самоуверена и грациозна.

Да си свесна за својата вредност и да знаеш дека го заслужуваш само најдоброто и да не се задоволуваш со ништо помалку, тоа е секси“ – вели таа. На Instagram, Снежана има споделено фотографија од своето детство во Македонија.

Претходна статијаБрат Љубе проговори искрено за својата сопруга Виолета
Следна статијаСнимка од Лука Модриќ кога како 5 годишно дете тера кози во трло (ВИДЕО)