Лоша вест за Дарко Лазиќ – тој повеќе нема да може да вози

0

Законот за сообраќај во Србија предвидува дека по собрани 18 казнени поени следува одземање на возачката дозвола. На Дарко Лазиќ кој во моментов е во процес на третман на рехабилитација во бањата во Младеновац, според ова, возачката во наредната година ќе му биде трајно одземена. За да добие нова, тој ќе мора повторно да аплицира и поднесе барање за нова, односно да полага одново.

Од 2013 година, за Дарко има околу 12 прекршочни извештаи и исто толку пријави и сите се најчесто слични. Повеќето од прекршоците се за брзо возење и возење без возачка дозвола, што е една од најголемите казни во сообраќајот во Србија.

Мал процент се оние за неправилно паркирање, а дури има и една бидејќи не сакал да открие кој го возел автомобилот регистриран на негово име, кој поминал на црвено светло. Дарко возел во неколку наврати и нерегистриран автомобил и без соодветна сообраќајна дозвола – вели извор за српските портали.

Дарко откако ќе остане без дозвола ќе може да аплицира за нова, но ќе мора повторно да полага тестови. Сепак и ова, само откако сите забрани претходно ќе бидат истечени!

Претходна статијаНикогаш немаше да погодите дека ова е родената сестра на Лепа Брена (фото)
Следна статијаАстролозите прогнозираат: Овие 4 знаци во 2019 дефинитивно ќе бидат најсреќни