Никогаш немаше да погодите дека ова е родената сестра на Лепа Брена (фото)

0

Многумина знаат дека фолк-пејачката Лепа Брена има брат кој се занимава со музика, но ретки се оние кои знаат дека Брена има и сестра, Факета Стојановиќ. Сличноста помеѓу неа и Брена е огромна.

Нејзината сестра многу ретко се појавува во јавноста и се држи далеку од медиумите. Таа веќе 20 години живее во Канада со сопругот.

„Не сака да се зборува и пишува за неа, води мирен семеен живот. Ги почитувам нејзините желби да не зборувам јавно за неа“, рекла Брена во интервју за една босанска телевизија.

Во едно интервју, фолк-ѕвездата изјави дека желбата двете ќерки да имаат слични имиња била на нивната покојна мајка, Ифета.


Сестрата на Брена долги години , со сопругот Зоран и со двете ќерки, Дијана и Мајда живее во Канада.

Брена ја посети својата сестра во април, кога беше на турнеја низ Америка и Канада, а сестрата со семејството ја посети во нивната куќа во Мајами.

„ Многу ми е мило што ја видов сестра ми и нејзиното семејство. И тие кај нас во Мајами. Понекогаш, кога дома во Белград гледам слики од сестра ми, зет ми од внуките и од нивните деца, се расплакувам, ми недостасуваат“, изјави Брена со турнејата.

Претходна статијаСпоени викенди уште на почетокот на годината: Ова ќе бидат неработни денови во 2019
Следна статијаЛоша вест за Дарко Лазиќ – тој повеќе нема да може да вози