Легендата Андруш со песна ги поздрави сите Македонци ширум светот ВИДЕО

0

Андруш Ангелковски, медиумска слава доживеаја пред неколку години, со изведбата на популарниот хит “Оди Sвездо”, песна на Наум Петрески, од кабината на својот камион.

Тој во многу наврати знае да ни ги стопли душите, да не насмее, да не мотивира и да покаже дека преку песна можеме да бидеме најсилни дури и во моментите кога ни е најтешко, знае да пее не само македонски, но и многу песни од соседството. Но, сепак, според нас, изборот на оваа песна е она кое може навистина да ве расположи во еден ваков ден, а тоа е песната Облаче ле бело.

Андруш вози камион во далечна Америка, а долгите патувања одлучи да си ги развесели со караоке од својата кабина. По “Оди Sвездо”, тој настапуваше и низ Македонија со Наум Петрески, а потоа, од својата кабина препеа уште многу хитови.

Македонецот Андруш Ангелковски кој го остава срцето на патиштата, возејќи и пеејќи, со неговите видеа воодушеви и стана вистински хит на социјалните мрежи.

Претходна статијаСо 12. 000 денари месечно живееш колку да преживееш, но без нив уште потешко е
Следна статијаСопругот беше директор ама падна од власт – Ене го неможам да го смирам од плачење