Зорица Брунцлик открива дека нејзината ќерка Злата ќе му го каже „судбоносното ДА“ на пејачот Милош Вујановиќ овие денови.
Прослава ќе има дури откако ќе се породи.
– „Младите ќе се регистрираат овие денови, а свадбата, односно црковната венчавка е планирана во првата недела од месец септември, догодина.
Јас сум возбудена поради тоаа што тие се вљубени“ – кажува Зорица.
Ќерката на фолк пејачката Зорица Брунцлик веќе неколку месеци ужива во врска со пејачот Милош Вујановиќ.
Ќерката на Зорица и Кемиш, Злата Аранѓеловиќ, со својата атрактивна појава привлекува внимание каде и да се појави, а нејзините фотографии на социјалните мрежи никогаш не поминиваат незабележано.
Фолк-пејачката Зорица Брунцлик на пролет ќе стане баба. Нејзината ќерка Злата Аранѓелковиќ е бремена со своето прво дете.
Злата е во врска со Милош Вујановиќ, кој пееше во шоуто „Ѕвездите на Гранд“. Веста за српски „Курир“ ја потврдил и Кемиш, сопругот на Зорица.
„Точно е, како дознавте? Што да ви кажам освен тоа дека јас и Зорица бевме пресреќни кога дознавме. Следната година ќе станеме баба и дедо и многу се радуваме. Само нека се здрави и живи“, рекол тој за српскиот портал.