Калиопи: Попрво би отпеала десет концерти во една ноќ отколку повторно да се омажам

0

Нашата поп-дива Калиопи Букле веќе три децении со својот уникатен вокал полн со нежност, но и сила, ги омекнува и најтврдите срца. Во интервјуто со „Hello.rs“ пејачката отворено проговори за односот што го има со своите поранешни сопрузи Ромео Грил и Васил Зафирчев, и за својот став за бракот како институција. тоа дали би се омажила повторно.

Ромео и јас сме чист доказ дека е возможно по голема љубов да се задржат пријателски односи. Тоа не значи дека не умее да се скараме, токму како вистински пријатели“, кажа пејачката, и додаде дека Ромео и таа во музиката се како две половини на една душа.

На прашањето дали и со вториот сопруг, популарниот актер Васил Зафирчев е во пријателски односи по разводот, Калиопи даде потврден одговор. А еве што мисли за бракот како институција и дали би се омажила третпат:

На бракот гледам како на институција. Порадо би отпеала десет концерти во една ноќ отколку повторно да направам свадба.“

Во разговорот за „Hello.rs“, поп-дивата се задржа и на својот син, кој, како што рече, е возрасен човек, на кого во моментов му е попотребна жена одошто мајка.

Претходна статијаВикторија Лоба откри: Во Новата 2019 година имам една многу голема желба
Следна статијаТажна вест: Охриѓани останаа без првиот човек на градот