Интервјуто на Јелена Карлеуша за кое зборува цел Балкан – Распали по Цеца, Аца Лукас, Сека, Кија и пола естрада

0

Познатата поп пејачка Јелена Карлеуша скоро шест години се немаше појавено на ТВ Пинк поради лошите односи со сопствениците.

Но конечно страстите се смирија, па за првпат по толку долг период, Карлеуша гостуваше во познатото шоу на тв водителот Огнен Амиџиќ кој се емитува токму на ТВ Пинк.

Од почеток до крај, емисијата беше напната а Јелена во свој стил,и овојпат не прошушти да биде дрска, притоа не заборавајќи да распали со навреди кон половина од српската естрада.

Јелена мораше меѓу Аца Лукас, Кија Коцкар, Сека Алексиќ и Младен Крстајиќ да избере во чија кожа би сакала да се најде кога тоа би било возможно, а карлеуша кажа дека го избира Аца Лукас.

-Би влегла во негова кожа на еден ден и би му го упропастила животот. Би се јавила на Соња да се смириме и би и кажала дека сум голем скот. Потоа би го изгубил телефонот .

Не пропушти да ги спомене колегите со кои не е во добри односи, а за Цеца и Аца Луакс не штедеше “епитети”.

По емитувањето се појавија бројни коментари во јавноста која емисијата ја прогласија за шоу бис емисија на годината.

На моменти се чинеше дека водителот Огнен нема контрола на сопствената емисија и Јелена е таа која го води разговорот.

Во видеото подолу можете да ја погледнете целата емисија.

Иако на снимањето во „Гранд“ требало да присуствуваат Јелена Карлеуша, Аца Лукас, Александар Милиќ и Милица Павловиќ, Карлеуша и Лукас го откажале доаѓањето.

Тие наводно сакале да избегнат средба „очи во очи“ поради што директорот на „Гранд“, Саша Поповиќ бил видно нервозен.

Во српските медиуми се шпекулира дека една од причините е емисијата „Амици шоу“ каде Јелена гостуваше по речси шест години на ТВ Пинк, а во која меѓу другото зборуваше за Лукас и неговата поранешна сопруга Соња Вуксановиќ.

Според информациите, снимањето ќе биде реализирано без нив двајцата, а гости ќе бидат само Милица и Мили.

Претходна статијаЦеца и Драгана: Сега не сакаат ни да се погледнат но пред 25 години е друга приказна ВИДЕО
Следна статијаЕмина нема среќа во љубовта – раскина со богатиот турчин