Емина нема среќа во љубовта – раскина со богатиот турчин

Пејачката Емина Јаховиќ по се изгледа ја заврши љубовната романса за кој сите регионални и турски медиуми пишуваат последните месеци.

Дека нешто не е во ред во нивниот однос, се посомнева секој што ги следи Емина Јаховиќ и турски милијардер Садетин Саран на социјалните мрежи.

Дефинитивна потврда за „проблемите во љубовниот рајот“ беше моментот кога Емина не се појави на гала-забавата што нејзиното до сега актуелно, а сега можеби веќе поранешно момче ја организираше.

Крајот на годината беше турбулентен за поп-пејачката Емина Јаховиќ, која по 10 години брачен живот, одлучи да се разведе со турскиот пејач Мустафа Сандал. Дури по неколку месеци, Емина одлучи да проговори за консултацијата на своите два сина со стручно лице поради разводот на родителите – со нејзината сестра Сабина, која е детски психијатар.

Во психијатријата не се препорачува да ви дава стручни совети член насемејството, па сестрами ме посоветува да одам на разговоро со нејзините колеги. Сепак, јас знаев дека за моите деца е најдобро да разговараат со неа. Приоритет ми е да останам во добри односи со Мустафа затоа што знам дека тоа е најважно за нив.

Многу етешко кога жената ќе остане сама со децата и луѓето би требало да имаат повеќе разбирање за разведените мајки, особено мажите што влегуваат во нивните животи“, раскажа пејачката за магазинот „Стори“.

Емина пронајде нова љубовпо разводот, турскиот бизнисмен Садетин Саран, но истакнува дека тоа не и’ бил приоритет по разводот, едноставно, љубовта и’ се случила. Сепак, тврди дека нема да се омажи со новиот избраник.

Повеќе нема да се мажам. Зошто една жена, која се реализирала како мајка и поминала низ развод, повторно некому би му рекла ‘да’? Поради што?“, јасна беше Емина.

Љубовниот живот на Садетин Саран, новото момче на пејачката Емина Јаховиќ, е повеќе од бурен!Тој зад себе има два пропаднати брака, но и врски со многу жени.

Во првиот брак со Ајкан Атес ја добил ќерката Лал. До септември 2017 година Саран бил во брак со седум години помладата забарка Емек Кулур.

Неговиот брак со Емек западнал во криза неколку пати, наводно поради неверствата на Саран, кои официјално никогаш не се докажани. Кога на крајот се развел, се пишувало дека Емек во куќата поставувала прислушкувачи и ги снимала сите негови разговори.

Турските медиуми шпекулираат дека со нив го уценила за да по разводот добие поголема сума на пари, но таа тоа го демантирала. За овој богаташ се зборува дека е склон на флертувања со убавици и дека има краткотрајни авантури со познати дами, кои го чинеле брак!

Садетин бил и 4 години со турската актерка Хулија Авсар, а го спојувале и со Дефне Самели.

Емина исто така зад себе има два брака, а од неодамна е разведена од Мустафа Сандал со кој има два сина.

Loading...