(ФОТО) Влатко Стефановски проговори за првпат по двете загуби за една година

0

Легендарниот гитарист Влатко Стефановски пред утрешниот концерт во Загреб, (61) за новиот број на магазинот „Глорија“ открива што му дава сила по две големи трагедии во семејството.

Македонскиот музичара, Стефановски во годинава што изминува се соочи со две, за него, необјасниви губитоци- му починаа сопругата Гордана и братот Горан Стефановски, а утеха, како и многупати досега, пронајде во музиката.

Сопругата Гордана која му беше животен партнер и најголема поддршка во изминативе 30 години, почина лани од последица на тешка болест.

И покрај ударот на судбината, морал да остане цврст заради децата- ќерката Ана (30) која на универзитетот во Падова, Италија, завршува докторски студии по италијански јазик и литература, и синот Јан (18), матурант.

Не стигна да се опорави од таа загуба, кога доживеа нова. За изненадното заминување на четири години постариот брат Горан, дознал во текот на првата турнеја низ Австралија: драматургот Горан Стефановски, кој живеел и е кремиран во Кентбери, Англија, ја изгуби битката со туморот , на 65 години.

Неговата пепел, по негова желба, ќе биде истурен во Охридското езеро. Влатко Стефановски оттогаш не објави ниту една фотографија и статус на социјалните мрежи, него се повлекол во себе, бидејќи болката не сака да ја дели со другите, пренесува „Глорија“.

Претходна статијаЈане Ченто и Игор Југ: Барање за амнестија нема да поднесеме, имаме целосна доверба во вас
Следна статијаГерманија го усвои законoт – се отвараат вратите за работници од Македонија